Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Царинска управа: Уапсени три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Царинска управа: Уапсени три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина
Blog

Царинска управа: Уапсени три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина

Објавено May 6, 2026 15:56
Сподели
Сподели

Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните.

Извршен е и претрес во салон за убавина, каде се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи кои се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти.

Криминалната шема е разоткриена на влез во државата на граничен премин Табановце, каде е извршена детална контрола на комбе при што се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2.5 мг и TIRZ 5 мг скриени во чаршави за постелнина.

Возилото, под постојан надзор на мобилен царински тим, го продолжило патот до местото каде што било договорено преземање на пратката од страна на сопственичката на салонот.

Во моментот на исплатата, инспектори од Одделението за истраги ја лишија од слобода, а по налог на јавен обвинител е извршен претрес на салонот, каде се пронајдени и други криумчарени медицински препарати – дермални филери, препарати за разградување дермални филери, производи кои се користат за редуцирање маснотии, контурирање на лице, отстранување на брчки и производи за подмладување.

За пронајдените производи не била обезбедена документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а според сомненијата, истите ги рекламирала и ги употребувала врз клиенти.

Против осомничените, поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење и производство и пуштање во промет штетни средства за лекување.

Царинската управа и натаму ќе продолжи со активности со цел заштита на здравјето на граѓаните, при што апелираме дека сите оние кои работат спротивно на закон ќе бидат најстрого санкционирани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Како го поминува времето во затвор организаторот на атентатот на Ѓинѓиќ: Без право на љубовна соба, со четири повици месечно
Следна Статија Рокас побара политичко обединување за уставни измени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути

На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е…

July 20, 2026

Викторија Трајков: Евроскептицизмот ѝ е непријател на нашата агенда

Борбата против корупцијата мора да биде безмислосна ако сакаме напредок. Од оваа борба зависи напредокот на нашата држава на секое…

November 2, 2024
Blog

Дневен хороскоп за Девица – вторник, 11 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Целосната енергија овој ден ви покажува како да се соочите со себеси и да стекнете…

February 11, 2025

Глобални напори за стратешка диверзификација на ретки земни елементи

Истражување на меѓународните предизвици и можности во глобалната индустрија на ретки земни минерали

November 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?