Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 27.000 деца ќе се натпреваруваат во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > 27.000 деца ќе се натпреваруваат во Македонија
СПОРТ

27.000 деца ќе се натпреваруваат во Македонија

Објавено May 8, 2026 11:02
Сподели
Сподели

На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Плазма – Спортските игри за млади“ на кои ќе учествуваат над 27.000 деца од целата држава.

Игрите опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што е се натпреваруваат со врсници од регионот.

Со тоа, како што нагласуваат организиторите, Македонија првпат станува дел од едно од најголемите аматерски спортски движења за деца во Европа.

Министерот за спорт Борко Ристовски вчера на прес-конференција нагласи дека приклучувањето на Македонија кон овие игри е резултат на подолг процес и јасна државна заложба. Посочи дека државата е подготвена за организацијата и дека инвестициите во спортот се суштински важни.

– Ние како домаќини сме целосно подготвени. Кога државата, во соработка со организацијата на игрите, има комплетна контрола врз ситуацијата, тогаш сме сведоци дека сè поминува во најдобар ред. Се залагаме за инвестирање во спортот, младите и инфраструктурата бидејќи сметаме дека тоа е единствениот правилен пат по кој треба да се оди – изјави Ристовски.

На отворањето на Спортските игри ќе присуствуваат и ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот Борко Ристовски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Плазма спортските игри за млади Здравко Мариќ и претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија Елена Мицковска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чиста Македонија (ФОТО)
Следна Статија Дури и Германците го одложуваат редовниот сервис за своите возила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Барди со гол дебитираше за Коњаспор (ВИДЕО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди постигна гол на свој прв официјален натпревар за Коњаспор. Македонецот вчеравечер на средбата…

August 11, 2025
СПОРТ

Почина легендата на македонскиот фудбал Васил Рингов

На 70-годишна возраст почина Васил Рингов, едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот и поранешниот југословенски фудбал. Рингов беше…

December 24, 2025
СПОРТ

Управата на Вардар се откажа од петмина фудбалери

Управата на фудбалскиот клуб Вардар објави кои играчи заминуваат од клубот. Тоа Јасмин Мециновиќ, Николче Шаркоски, Александар Ѓурковски, Џибрил Дианеси…

May 30, 2025
СПОРТ

Најдобар во изборот на ФИФА е Бразилецот Винисиус Жуниор

Офцијално Винисиус Жуниор ја доби наградата за најдобар светски фудбалер за минатата сезона на настанот „The Best“, во организација на…

December 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?