„Спортувајте, другарувајте, учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија“, порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува спортот и младите генерации.
На настанот, кој обединува над 27.000 деца од целата држава, беа најавени натпревари во разни спортски дисциплини на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што ќе се натпреваруваат со врсници од регионот.
Присутен беше и пораншниот директор и играч на Реал Мадрид Предраг Мијатовиќ, кој сега е дел од раководството на Партизан.
