Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Државата досега изгубила околу 20 милиони евра поради неизградбата на интерконекторот со Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Државата досега изгубила околу 20 милиони евра поради неизградбата на интерконекторот со Албанија
ЕКОНОМИЈА

Државата досега изгубила околу 20 милиони евра поради неизградбата на интерконекторот со Албанија

Објавено May 8, 2026 21:18
Сподели
Сподели

Компанијата „МЕПСО“ ја обжали одлуката на предарбитражното тело за спорови, кое пресуди во корист на сараевската компанија „Енергоинвест“, ангажирана за изградба на интерконекторот кон Албанија. Од МЕПСО тврдат дека имаат силни правни аргументи и дека договорот бил раскинат поради сериозни пропусти во реализацијата на проектот. Според актуелното раководство, компанијата реализирала само четири проценти од предвидените работи, а проектот со години бил во застој.

Од МЕПСО посочуваат дека за арбитражната постапка биле консултирани и две реномирани адвокатски компании од САД, чии правни анализи покажале дека државната компанија има цврста основа за спорот.

Актуелното раководство наведува дека одлуката за раскинување на договорот во декември 2024 година е донесена по опсежна анализа и форензичка проверка на проектот, во која биле анализирани сите аспекти од реализацијата. Во процесот биле консултирани и меѓународните финансиери, кои оцениле дека дури и со дополнителни 7,7 милиони евра што ги побарал „Енергоинвест“, компанијата не би можела да го заврши проектот.

Според МЕПСО, проблем бил и фактот што „Енергоинвест“ речиси целосно се потпирал на подизведувачи од струшкиот регион, кои имале искуство во градежништво, но не и во енергетска инфраструктура.

Реализацијата на терен достигнала само четири проценти – поставени биле 24 темели од вкупно предвидените 269. Дополнително, компанијата во декември 2022 година го напуштила градилиштето и не се вратила до конечното раскинување на договорот.

Во текот на 2023 година, претходните раководства на МЕПСО понудиле два анекси на договорот – едниот во вредност од 2,8 милиони евра, а вториот од 4,5 милиони евра, но и двата биле одбиени од „Енергоинвест“.

Директорот на МЕПСО, Бурим Латифи, изјави дека и покрај јасните договорни одредби со кои се исклучува можноста за зголемување на цената, „Енергоинвест“ во повеќе наврати барал дополнителни средства.

– Во форензичката анализа јасно е утврдена намерата да не се продолжи со изградбата на далноводот, што претставува основ за раскинување на договорот. Напуштањето на градилиштето и неисполнувањето на договорните обврски создадоа услови за прекин на договорот, изјави Латифи.
Тој додаде дека, и покрај негативните сигнали, Надзорниот одбор во 2023 година одлучил да му даде уште една можност на „Енергоинвест“, имајќи предвид дека станува збор за стратешки проект на Коридорот 8.

Од МЕПСО информираат дека поради нереализацијата на интерконекторот, државата од 2023 година досега изгубила околу 19,8 милиони евра, односно по 6,7 милиони евра годишно. Дополнително, по основ на камати од 2025 година досега биле изгубени уште околу еден милион евра.
Согласно одлуката на предарбитражното тело, МЕПСО треба да исплати шест милиони евра оштета поради едностраното раскинување на договорот со „Енергоинвест“.

Случајот доби и политичка димензија. Од Демократска унија за интеграција побараа истрага за актуелното раководство на МЕПСО, обвинувајќи го директорот Латифи дека договорот со „Енергоинвест“ бил заменет со компанија блиска до Милорад Додик.

Од коалицијата ВРЕДИ, пак, возвратија дека договорот бил оптоварен со сериозни проблеми, дополнителни финансиски барања и напуштање на градилиштето, поради што раскинувањето било донесено врз основа на професионални и институционални анализи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иран заплени танкер, го попречувал извозот на нафта
Следна Статија Судот ги прогласи царините на Трамп од 10 отсто за нелегални

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Интензивно се работи на автопатот Прилеп-Битола, очекувам до 2027 година да биде завршен

Личен момент е да кажам дека сум исклучително задоволен што можеме конечно на терен да ги видиме сите оние работи…

November 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат да продолжат со растот врз основа на надежите за намалување на каматните стапки

Акциите пораснаа, а доларот падна со слабите американски потрошувачки податоци и појавата на службеник склон кон намалување на каматните стапки…

November 27, 2025

Над 50 милијарди долари за помалку од 24 часа: Зошто големите технолошки компании масовно инвестираат во Индија

Иако заостанува во некои клучни области на вештачката интелигенција, Индија станува главна инвестициска дестинација за големите технолошки компании.

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ФОТО) Од Кичево до Охрид ќе се патува низ галерии, најави Коце Трајановски

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта ЈПДП објави слики од дел од изведбата на автопатот Кичево-Охрид. На автопатот се…

January 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?