Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Центар само со автобус или точак: Поскапува паркирањето, а ова се цените
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Центар само со автобус или точак: Поскапува паркирањето, а ова се цените
МАКЕДОНИЈА

Во Центар само со автобус или точак: Поскапува паркирањето, а ова се цените

Објавено May 9, 2026 09:18
Сподели
Сподели

Јавното претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) воведува нови, повисоки цени за голем дел од своите услуги. Одлуката, која веќе е изгласана на седница на Советот на Општина Центар, опфаќа поскапување на месечните билети, дневните карти, услугите за бизнис секторот, како и за „пајак“ службата.

Најголемо зголемување кај станбените дозволи има за второ возило, каде цената се дуплира од 250 на 500 денари месечно. За трето возило, станарите отсега ќе плаќаат 1.500 денари наместо досегашните 1.200.

Удар по џебот ќе има и за оние кои користат комерцијално зонско паркирање. Дневните карти во зоните 1 и 2 се зголемуваат од 300 на 400 денари. Припејд дневните карти сега ќе чинат 1.000 денари во Зона 1 и 900 денари во Зона 2.

Промени има и кај деловните субјекти. Вработените во фирмите во Центар ќе плаќаат 3.000 денари за месечен билет, што е зголемување за 1.000 денари од досегашната цена. Бизнис-картите за правни лица се покачуваат на 2.500 денари.

За службените возила на затворените паркиралишта, новата месечна цена е утврдена на 4.000 денари.

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновска: Не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани
Следна Статија Ден на Европа – оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР и АНБ ja истражуваат мрежата што поттикнува омраза меѓу Бугарија и Македонија

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) спроведуваат истрага против 20-ина комуникациски канали, меѓу кои веб-портали,…

July 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Грета Тунберг ќе се приклучи на утрешниот протест за спас на реката Дошница на Кожуф

Шведската активистка за животна средина и климатски промени Грета Тунберг веќе втор ден престојува во земјата. Таа вчера го посети…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин

Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна…

November 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дарко Јакимовски и Владимир Милошески избрани за нови обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје

Советот на јавни обвинители денеска едногласно ги избра Дарко Јакимовски и Владимир Милошески, досегашни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје,…

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?