Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Бурим Латифи ја призна штетата од 6 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Бурим Латифи ја призна штетата од 6 милиони евра
ПОЛИТИКА

ДУИ: Бурим Латифи ја призна штетата од 6 милиони евра

Објавено May 9, 2026 11:12
Сподели
Сподели

Вчерашните изјави и постапки на директорот на МЕПСО, Бурим Латифи, претставуваат јасно признание дека со неговите одлуки е предизвикана штета од над 6 милиони евра врз државниот буџет, велат од ДУИ.

– Иако вчера организираше брифинг со новинари, Бурим Латифи ги избегна медиумите и новинарите кои подолго време ги отвораат овие прашања и бараат одговорност за сомнителните договори и финансиските последици што ги предизвикале тие.

Самиот факт што Бурим Латифи се консултирал со адвокатски канцеларии за иницирање постапка пред арбитража, докажува дека тој ја признава загубата на спорот и предизвиканата штета. Одлуката постои, МЕПСО го има изгубено предарбитражниот спор. Сега само се обидуваат да купат време преку жалби и нови постапки.

Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината: Бурим Латифи го раскинал договорот со „Енергоинвест“ за да склучи договори со компании блиски до Милорад Додик. И не станува збор само за еден договор, досега се склучени два договори со компании од Бања Лука, градот од каде што доаѓа и Додик.

Последиците од овие одлуки ги плаќаат граѓаните. Како резултат на овие договори, државниот буџет е оштетен за над 6 милиони евра.

Затоа, го повикуваме Обвинителството итно да го истражи овој случај и да утврди индивидуална одговорност за предизвиканата штета.

Договорите со компании блиски до Милорад Додик ги чинат граѓаните дополнителни милиони евра. Одговорност мора да има.

Правната држава мора да постапи. – стои во партиското соопштение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО): Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа
Следна Статија (ВИДЕО) Жителите на Тенерифе во страв поради доаѓањето на „крузерот со хантавирус“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити: Не падна влада со 61 пратеник, како би можело да падне мнозинство со две третини од пратениците

Заменик-премиерот Изет Меџити во „Пик Подкаст“ ја нарече неоснована барањето на албанската опозиција за нови избори, бидејќи според него, актуелната…

November 9, 2024
ПОЛИТИКА

Ахмети го условува влезот во секоја идна влада со нејзин избор со бадентер

Избор на Влада и носење на одлуки на Уставен со Бадинтер за законите што во законодавниот дом се донесени со…

December 22, 2025
ПОЛИТИКА

Членот на „Црвена младина“ на Левица, Кирил Митановски е организатор на протестот на студентите во понеделник

Кирил Митановски е организатор на протестот на студентите во понеделник. Тој е член на „Црвена младина“ на Левица и поранешен…

March 22, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Претседателката не го потпиша указот за Законот за заштита на децата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) попладнево објави дека претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, не го потпишала указот за Законот за…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?