Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите припадници на полицијата во Диво Насеље
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите припадници на полицијата во Диво Насеље
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите припадници на полицијата во Диво Насеље

Објавено May 10, 2026 19:24
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека никогаш нема да биде заборавена жртвата на осуммината припадници на македонската полиција кои загинаа во кумановско Диво Насеље на 9 и 10 мај 2025 година.

– Нивната жртва никогаш нема да биде заборавена. Вечна слава на македонските херои! Во мај 2015 година, во кумановско Диво Насеље, осуммина припадници на македонската полиција застанаа во одбрана на државата и безбедноста на граѓаните, жртвувајќи го сопствениот живот во борбата против терористичката закана. Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ се симбол на храброст, чест и безусловна љубов кон Македонија. Нивните имиња остануваат трајно врежани како сведоштво дека татковината се брани и со живот. Денеска, во Инџиково и Бутел положивме свежо цвеќе во знак на почит за нивното дело и како порака дека нивната жртва никогаш нема да биде заборавена, напиша министерот Тошковски во објава на Фејсбук.

Овој ден, потенцира министерот, нè потсетува колку е висока цената на слободата, но и колку е силен македонскиот дух кога се брани државата. Наш долг е да се сеќаваме, да почитуваме и да ја чуваме вистината за нивната храброст. Нека им е вечна слава! Хероите живеат вечно!, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Осуммината припадници на безбедносните сили во вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ посмртно се одликувани со медали за храброст. Во престрелката имаше и 37 повредени припадници на безбедносните сили.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток
Следна Статија Орбан до Маѓар: Ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија

Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна на аеродромот во Будимпешта. Мицкоски на Фејсбук напиша дека повторното воспоставување на линија…

March 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски до граѓаните: Нема да имам милост, секој кој е инволвиран во овој трагичен настан до последниот ќе одговара

„Во мојот живот сум имал многу тешки моменти и предизвици, но ова денес е убедливо најтешкиот ден од мојот живот.…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Симулациска вежба за проверка на функционалноста на системот за безбедност

Денеска на автопатот Петровец – Скопје, кај клучката Кадино, во организација на Министерството за внатрешни работи беше изведена голема симулациска…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Три активни пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека на територија на Македонија има три активни пожари. Се работи за пожари во:…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?