Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детали од полицијата: Двајца Срби и Македонец уапсени за планирање на платено убиство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Детали од полицијата: Двајца Срби и Македонец уапсени за планирање на платено убиство
ХРОНИКА

Детали од полицијата: Двајца Срби и Македонец уапсени за планирање на платено убиство

Објавено May 12, 2026 12:11
Сподели
Сподели

Тројца од кои двајца Срби и Македонец се уапсени во полициска акција во Скопје под сомнение дека планирале нарачано убиство. Познати сеиницијалите на српскиот државјанин С. М. (42) кој бил главен во подготвување на платеното убиство во Скопје. Пронајден е и приведен во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција, а неговото лоцирање е резултат на долготрајна оперативна размена на информации помеѓу Службата за сузбивање на криминалот (УКП) на Србија и македонското МВР, соопштија од српската полиција.

Осомничениот бил пронајден во „засолниште“ во главниот град, каде полицијата при рација открила арсенал оружје и специфична тактичка опрема. Меѓу запленетите предмети се пиштол марка „CZ“ со целосна рамка, воен нож, како и црна тактичка униформа. Истрагата потврди дека С. М. ја преминал границата нелегално, а кај него била пронајдена и српска лична карта на друго лице, која ја користел за лажен идентитет.

Од македонската полиција велат дека дојавата дошла од АНБ, а акцијата ја водел обвинител од организиарн криминал.

„По добиени судски наредби извршени се претреси на неколку локации во Скопје, при што се пронајдени дрога, пари и мобилни телефони, а лишени се од слобода три лица, од кои двајца српски државјани и еден македонски државјанин. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопштуваат од МВР

Оперативните сознанија укажуваат дека станува збор за организирана криминална група која во Скопје имала конкретна задача – да изврши ликвидација. Истражните органи работат на идентификување на потенцијалната цел, како и на лицата кои му пружиле логистичка поддршка на осомничениот за време на неговиот престој во Македонија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Запрена истрагата против Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино: Нема докази за перење пари и злоупотреби
Следна Статија Празник без обичаи: Денот на големиот чудотворец Свети Василиј Острошки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(Видео) Возач со „голф“ влечеше коњ низ центарот на Скопје, полицијата го идентификуваше

Се огласија од полицијата во врска со видеото кое вчера беше споделено на дел од социјалните медиуми на кое се гледа…

April 18, 2025
ХРОНИКА

Возач на Брзата помош од Берово фатен со дрога во болничкото возило

На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во…

August 15, 2025
ХРОНИКА

Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар од денеска се на работа – се бара решение преку преговори со приватната компанија

Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот Алиу информираше дека вработените во…

August 14, 2025
ХРОНИКА

МВР со детали: Кривична пријава против 4 лица за несовесно работење во службата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење…

February 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?