Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски за „Еуроњуз“: Македонија останува на европскиот пат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски за „Еуроњуз“: Македонија останува на европскиот пат
МАКЕДОНИЈА

Муцунски за „Еуроњуз“: Македонија останува на европскиот пат

Објавено May 12, 2026 12:14
Сподели
Сподели

Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот во процесот на европска интеграција, вели шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во интервју за „Еуроњуз“, нагласувајќи во тој контекст дека државата не ја гради својата проевропска ориентација само преку политичка реторика, туку преку конкретни политики и вредности што се спроведуваат во општеството.

„Ние сме држава што се гордее со својата проевропска ориентација, не само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме во нашето општество“,вели Муцунски.

Говорејќи за актуелните геополитички и безбедносни предизвици, министерот за надворешни работи и надворешна трговија вели дека регионот се соочува со сериозни хибридни и малигни влијанија, притоа нагласувајќи дека ваквите закани се засилуваат таму каде што расте фрустрацијата и се намалува довербата.

„Иако заканата постои, покажавме не се само дека велиме оти сме отпорни, туку и дека навистина сме отпорни во пракса“,рече Муцунски, се наведува во соопштението од ресорното Министерство.

Реафирмирајќи ја стратешката определба на државата за членство во Европската Унија (ЕУ), шефот на дипломатијата потенцира дека европската интеграција останува клучен надворешнополитички приоритет и најдобар механизам за долгорочна стабилност, безбедност и развој на регионот.

На прашањето дали одложувањето на членството во ЕУ може да ја оттурне  Македонија кон земји како Русија или Кина, министерот Муцунски одговори дека „хибридните закани напредуваат таму каде што расте фрустрацијата и каде што се губи довербата“.

Во интервјуто за „12 минути со“ (12 Minutes With) на „Еуроњуз“, шефот на македонската дипломатија говори и за актуелните безбедносни предизвици, улогата на НАТО и значењето на евроатлантската координација.

Во овој контекст, тој ги спомена американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар на САД, Марко Рубио, наведувајќи дека благодарение на нив НАТО-алијансата е посилна од кога било досега.

„Мојот став е дека, благодарение на претседателот Трамп, државниот секретар Рубио и целокупниот надворешнополитички апарат на Соединетите Американски Држави, НАТО е посилен од кога било досега“,изјави Муцунски.

Тој додаде оти тоа било неспорно по минатогодишниот Самит на НАТО во Хаг, каде што членките се обврзаа да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП до 2035 година.

„Ова е многу амбициозна агенда, но и многу неопходна, имајќи ги предвид не само заканите од руската агресија врз Украина, која сè уште трае, туку и заканите во Индо-Пацификот и на Блискиот Исток“,рече Муцунски, додавајќи дека претседателот Трамп му дал на НАТО „повик за будење“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Празник без обичаи: Денот на големиот чудотворец Свети Василиј Острошки
Следна Статија Oва е платениот убиец од Србија кој требало да убива по Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Киро Глигоров одбил 100 милиони долари за да го смени името на Македонија

Првиот претседател на Македонија Киро Глигоров се споменува во декласифицирани документи од архивите на американската разузнавачка служба – ЦИА –…

March 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали

Министерството ќе направи сѐ за да ги задржи студентите. Даваме стипендии, водиме грижа за студентскиот стандард. Во првите сто дена…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Да лицитираше Бујар со откажување од криминалот на својата партија како што лицитира со македонскиот идентитет, државата ќе беше веќе во ЕУ

Што има против Бујар Османи од сојузништвата со Америка и Британија?,праша ВМРО-ДПМНЕ. Никој не се откажува од ЕУ патот, ниту…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Традиционално – колаж од најзначајните настани во 2024 година!

„Почитувани пријатели, позади нас е годината во којашто се случија промените и ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста за Македонија. Погледнете ја…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?