НФЛ лигата го објави распоредот на натпревари кои во новата сезона ќе се играат надвор од САД. За првпат натпревар ќе се игра во Париз на стадионот „Сент Дени“. На 25.октомври ќе играат Њу Орлеанс – Питсбург.
Покрај Париз натпревари ќе се играат во Лондон, Мелбурн, Рио Де Женеиро, Мадрид, Минхен и Мексико Сити.
На 10.септември во Мелбурн ќе биде дуелот меѓу Сан Франциско – Лос Анџелес.
Во Лондон ќе бидат одиграни натпреварите: Индијанаполис – Вашингтон на 4.октомври на стадионот на Тотенхем, а на 11.октомври е дуелот меѓу Џексонвил и Филаделфија, додека на 18.октомври на Вембли ќе играат Џексонвил и Хјустон.
Во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ Синсинати ќе игра против Атланта на 8.ноември, додека во Минхен на 15.ноември е натпреварот меѓу Њу Ингланд и Детроит, а во Мексико Сити на 22.ноември ќе играат Минесота и Сан Франциско.
