Бугарската пејачка Дара со песната „Бангаранга“ е победник на овогодинешното издание на песна за Евровизија, кое синоќа се одржа во Виена, Австрија.
До последен момент атмосферата беше напната, а после четири часа се дозна дека Бугарија ја носи победата која од публиката и од жирито доби 516 бодови.
Второто место го освои Израел и пејачот Ноам Бетан, додека третото место и припадна на Австралија. Добри резултати остварија и претставниците на Италија, Финска, Данска и Молдавија.
