Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување
ХРОНИКА

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување

Објавено May 18, 2026 13:18
Сподели
Сподели

Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице.

Како што соопшти Управата, пријавените М.Ш. и Ж.Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на добивка во износ од 7.200.200 денари и данок на личен доход од 226.123 денари.

Според наводите, за 2020 година поднеле даночен биланс за утврдување на данокот на добивка во кој искажале лажни податоци, додека за годините 2021 и 2022 воопшто не поднеле даночни биланси за утврдување на данокот на добивка, спротивно на сметководствената евиденција и искажаниот финансиски резултат во бруто билансите на друштвото, од банкарските сметки на правното лице подигнале парични средства по разни основи и извршиле плаќања кои не се поврзани со дејноста на правното лице без да постои доказ во сметководствената евиденција за нивната економска оправданост, а со намера да ги прикријат инкриминираните активности не поднеле завршни сметки за 2022, 2023 и 2024 година до Централниот Регистар на РМ.

Со овие незаконски активности, како што се наведува, е оштетен Буџетот на Република Македонија, а предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошно постапување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фрчковски: Не сум некој уживател, за да знам дали во Скопје има добар кокаин
Следна Статија Скопјанка пронајдена почината во својот дом

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Жена си го истепала соседот во Центар

На 07.01.2025 во 15:15 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(39) од Скопје пријавил дека околу 12:30 часот пред влезната врата од…

January 8, 2025
ХРОНИКА

Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов. На судењето што почна денеска во…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Обезбедени уште четворица досега недостапни за случајот „ФФМ“

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа дека во рамките на предметот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија…

June 21, 2026
ХРОНИКА

Полициски службеник доби кривична за оддавање службена тајна

На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?