Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таткото на обвинителката Коларевиќ е избран за државен правобранител во време на СДСМ, мајката за уставен судија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таткото на обвинителката Коларевиќ е избран за државен правобранител во време на СДСМ, мајката за уставен судија
МАКЕДОНИЈА

Таткото на обвинителката Коларевиќ е избран за државен правобранител во време на СДСМ, мајката за уставен судија

Објавено May 18, 2026 16:45
Сподели
Сподели

Стопирањето на постапката за случајот „Мазут“ за криминал тежок 167 милиони евра, уште еднаш ги извади на површина конекциите на СДС и ДУИ со судско обвинителскиот систем. Кадрите поставени и унапредени во професионалната кариера лично од Зоран Заев и Али Ахмети, по потреба се активираат и одработуваат за да ги спасат од кривична одговорност луѓето од и блиски до СДС и ДУИ,објави ВМРО-ДПМНЕ.

И во случајот со милионскиот криминал за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, блискоста на обвинителката Катерина Коларевиќ и на шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази е неспорна. За блискоста на Ислам Абази со Ахмети како комшија од Зајас, на кого според јавно достапни фотографии може да се види како на глава му седи неговиот брат Фекри Ахмети, сите знаат.

Затоа сега повеќе се задржуваме на блискоста на обвинителката Коларевиќ со партиите СДС и ДУИ, која со моминско презиме е Маркова. Татко и на Коларевиќ, Павле Марков, во 1998 година од тогашната влада на СДС е избран за државен правобранител, додека, пак, мајката и Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДС и ДУИ е избрана за уставен судија.

Кариерите и професионалните унапредувања на родителите на Коларевиќ не се случајни или како резултат на квалификации и природен процес на професионален развој, туку тие се цврсто поврзани со политички номинации на владите на СДС во различни временски периоди.

Обвинителката Коларевиќ, блиска до СДС и ДУИ, добро знае дека во економскиот криминал или штета на државниот буџет, како што е случајот со ТЕЦ Неготино, се утврдува со економско вештачење, а не со изјави дадени од некомпетентни и неовластени лица вработени во ЕСМ.

И од ЕСМ јасно потенцираа дека испитаните лица во постапката, не биле ниту одговорни, ниту компетентни лица да проценат штета и да утврдат економски криминал со набавката на мазутот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од полноќ бензините и дизелот поскапуваат за 2 и 2,5 денари по литар
Следна Статија Водовод Скопје: Отплата на долгови без камата до 5 јуни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

155.000 гледачи го следеа отчетот на Мицкоски за една година Влада:Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа!

Над 155.000 граѓани го следеа на Фејсбук отчетот на премиерот Христијан Мицкоски по повод една година од формирањето на Владата.…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ветеринарна комора повикува на смиреност, ИЈЗ со препораки за заштита по појавата на птичји грип

Негативни се резултатите за птичји грип на двајцата вработени во скопската Зоолошка градина, кои пројавиле симптоми, информираа од Институтот за…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Фатен препишувач на полагањето матура, си го стопира времето зацела една година

Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по мајчин јазик, првиот од двата екстерни испити од државната матура. Дел од учениците…

May 31, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ се однесува како куче што лае, ама не каса

„Партијата СДСМ, која е синоним за криминал и корупција, луѓето кои ја уништија државата како Заев, Филипче, Ковачевски, Николовски и…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?