Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од полноќ бензините и дизелот поскапуваат за 2 и 2,5 денари по литар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од полноќ бензините и дизелот поскапуваат за 2 и 2,5 денари по литар
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ бензините и дизелот поскапуваат за 2 и 2,5 денари по литар

Објавено May 18, 2026 16:46
Сподели
Сподели

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2 и за 2,5 денари по литар. Регулаторната комисија за енергетика ги донесе новите цени. Од полноќ цената на 95 октанскиот бензин се зголемува за 2 денари, додека на 98 октанскиот бензин и на дизелот за 2,5 денари за литар. Максималната цена за литар дизел изнесува 92 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 87 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 89 денари. Горивата поскапуваат во просек за 1,84%- одлучи Регулаторна.

Од 19.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 87,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98: 89,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 92,00 (денари/литар)

Но, на овие цени не е пресметан попустот од Окта од два денари за бензините и три за дизелот. Па така на најголемиот дел бензиските, дизелот ќе се продава за 89 денари, 98 октанскиот бензин за 87 денари, а 95 октанскиот бензин за 85 денари за литар.

Од 19.5.2026 година од 00:01 часот цени на нафтените деривати со попустот од ОКТА ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98: 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 89,00 (денари/литар)

Горивата поскапуваат и покрај владината одлука да ги продолжи мерките кои истекуваа денеска. Викендов на вонредна седница беше одлучено тие да важат до 1 јуни. Од Регулаторна соопштија дека во пресметката земени се во предвид намалениот износ на акцизите за 2 денари по литар кај дизелот и бензините и е вкалкулирано намаленото ДДВ за бензините на 10 проценти. Денеска истекува и попустот кој ОКТА им го даде на бензиските од 2 денари за бензините и 3 за дизелот. Но најавите од министерката за енергетика беа дека ќе се проговара да се продолжи и овој попуст. Цената на нафтата пак на светските берзи не се смирува. И денеска се продава по околу 110 долари за барел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За Бујар Османи Македонија е „држава на два главни народи“
Следна Статија Таткото на обвинителката Коларевиќ е избран за државен правобранител во време на СДСМ, мајката за уставен судија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ако минималната плата се зголеми без економска поткрепа, ќе бидат отпуштени многу работници, вели Дурмиши

Минималната плата се утврдува според економскиот прогрес, порастот на продуктивноста и нивото на трошоците за живот. Министерот за економија и…

September 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поради една грешка, клима уредот троши трипати повеќе електрична енергија

Најголемата заблуда – вклучување само повременоМногумина мислат дека заштедуваат струја ако климата се вклучува само повремено, но експертите предупредуваат дека…

July 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за субвенциите: Буџетот е како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите

Во последниве недела-две се ислатени околу 240 милиони денари субвенции за оние што се занимаваат со сточарство и пчеларство, истакна…

March 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Македонската економија меѓу препораките на ММФ и геополитичките ризици

Минатонеделната анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) уште еднаш ја потврди комплексноста на економската ситуација во Македонија. Проектираниот раст од…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?