Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АИ Венко: Филипче ќе користи вештачка интелегенција за проверка на имотот на политичарите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АИ Венко: Филипче ќе користи вештачка интелегенција за проверка на имотот на политичарите
МАКЕДОНИЈА

АИ Венко: Филипче ќе користи вештачка интелегенција за проверка на имотот на политичарите

Објавено May 19, 2026 08:38
Сподели
Сподели

Фронтот за вистина и правда најавува целосно нов систем за борба против корупцијата, базиран на европски модели, дигитална транспарентност и вештачка интелигенција по промена на власта во Македонија.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче порача дека корупцијата и криминалот се најголема закана за иднината на државата и објавувајќи широк Фронт за вистина и правда.

Тој најави дека еден од клучните столбови на фронтот ќе биде Законот за нулта толеранција за корупција и целосна дигитална транспарентност.

„Денес го објавувам фронтот за истина и правда кој го сочинуваат опозициски партии, граѓански организации, невладини организации, видни интелектуалци, поединци, независни активисти, млади, сите обединети околу вредностите за Европска Македонија“, рече Филипче.

Во рамки на законските решенија, Филипче најави и целосен дигитален систем за контрола на имотот на функционерите со користење на вештачка интелигенција.

„Задолжителна електронска декларација на имот, која што ќе се обработува со систем на вештачка интелигенција. Од премиер до најнизок функционер на локално ниво, семејството, го пријавуваат целиот имот, сметки, акции и подароци над 100 евра“, потенцираше Филипче.

Тој објасни дека системот автоматски ќе ги споредува пријавените податоци со реалните примања на функционерите.

„Вештачка интелигенција, системот кој ќе се користи, ги споредува со примањата. Лажна или нецелосна декларација ќе биде предмет на кривична одговорност. Моделот е естонски, плус модел кој што се имплементирал во Сингапур“, рече Филипче.

Ова е гаранција дека конечно ќе има вистинска правда и одговорност.

„Ова не е само закон, ова е гаранција дека корупцијата ќе има име и презиме и датум на суд. Секој кој го прекршил законот ќе одговара“, порача Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ спортска секција бара оставки од приватен клуб
Следна Статија Ципрас, другарот на Заев се враќа во политиката со нова партија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Магла на патниот правец Демир Капија – Гевгелија и на ГП Богородица

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија - Гевгелија и граничен…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не сакам да коментирам приватни работи, одговори Филипче на прашањето дали бил на забава во Дубаи

Апсолутно не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот, кусо одговори лидерот на СДСМ Венко Филипче на новинарско прашање…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Повторно се распали депонијата во Визбегово, огнот се шири кон куќите

Црн чад денеска повторно се издигна над Скопје, откако во реонот на скопско Визбегово повторно е пријавен пожар, еден ден…

June 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

За многу години Св. Георгиј-Ѓурѓиц: Денес е важен празник кој има свои „правила“

Денес (16.11) е Пренесувањето на моштите на свети великомаченик Георгиј од Никомидија во Лида Палестинска. Овој празник поврзан со името…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?