Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ракот на кожа е на листата на нaјчести малигни заболувања, сѐ почесто се појавува на возраст од 25 до 44 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Ракот на кожа е на листата на нaјчести малигни заболувања, сѐ почесто се појавува на возраст од 25 до 44 години
ЗДРАВЈЕ

Ракот на кожа е на листата на нaјчести малигни заболувања, сѐ почесто се појавува на возраст од 25 до 44 години

Објавено May 19, 2026 15:27
Сподели
Сподели

Бројот на заболени од рак на кожа, односно меланом е во постојан пораст и е еден од туморите со најголема експанзија во последно време. Годишното зголемување на бројот на заболени е за 4-5%, што значи дека бројот на заболени двојно се зголемува на секои 10-15 години, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје кој во мај ја спроведува кампањата за превенција на канцерот на кожа.

Во Македонија во 2023 година вкупниот бројот на новозаболени од меланом е 49 со стапка на инциденца од 2.7/100 000 жители, додека бројот на новозаболени мажи изнесува 27 со стапка на инциденца од 3.0/100 000 мажи, а бројот на новозаболени жени изнесува 22 и стапка на ициденца 2.4/100 000 жени. Од меланом во 2024 година умреле 28 лица со стапка на морталитет од 1.5 на 100 000 жители, од кои 16 се мажи, а 12 се жени. Стапката на умрени мажи изнесува 1.8 на 100 000 мажи, а стапката на умрени жени 1.3 на 100 000 жени.

Во Европа годишно заболуваат од 10-15 лица на 100 000 жители. Меланомот во последните пет години е на листата на најчести малигни заболувања. Мажите заболуваат почесто од жените, но на возраст под 50 години стапката на заболени жени е повисока во однос на мажите. Бројни студии покажуваат дека жените заболени од меланом имаат подобра стапка на преживување од мажите. Причината за тоа најверојатно е што жените посветуваат поголемо внимание на својот изглед, порано ги забележуваат промените на кожата и порано се јавуваат на лекар. Од ова може да се заклучи дека клучен фактор за добра прогноза е рано откривање на меланомот.

Меланомот најчесто настанува во педесетите години од животот освен lentigo maligna меланомот – тип на меланом кој главно се јавува во седмата деценија од животот, најчесто на кожа која долготрајно е изложена на сонце (лице, раце).

Меланомот во последните години сѐ почесто се појавува кај помладата популација на возраст од 25 до 44 години, многу ретко во пубертетот. Меланомот главно се појавува кај белата раса, додека кај црната и жолтата раса е доста редок. Најмногу е распространет во Австралија и земјите со големо ниво на сончево зрачење.

Заболените од меланом имаат поголем ризик од развој на друг примарен меланом во однос на останатите луѓе од популацијата. Исто така, лицата кои претходно имале некој друг малиген тумор на кожата имаат поголема можност за развој на меланом.

За поставување рана дијагноза на меланом се користи правилото А-B-C-D-E. Промената е сомнителна ако е асиметрична (А), нема јасни граници (B), ако се менува бојата (C), и ако пречникот е поголем од 6 мм (D). Еволуција (Е), (исто така – елевација) како што се промена на боја, големина, облик, површина, елевација и симптоми како што се јадеж или крварење се главни знаци за малигнитет. Исто така, појава на нови промени на здрава кожа кај лица постари од 40 години се сметаат за сомнителни и во тој случај треба да се консултира дерамтолог.

Фактори на ризик за појава на меланом:

прекумерно (неконтролирано) изложување на сончево зрачење (професија или хоби)
пигментираност на кожата, односно лица со светла кожа
возрасни над 50 години
лица со над 50 бемки
меланом во фамилијата
личен податок за меланом
изгореници од сонце
интензивно сончање во краток временски период (на одмор), или „викенд“ сончање
користење на солариум
зрачна терапија
ослабен имунитет: од хемотерапија, по трансплантација на органи, кај ХИВ/СИДА болни.
здрава кожа кај лица постари од 40 години се сметаат за сомнителни и во тој случај треба
да се консултира дерматолог.
Ракот на кожата може да се избегне, бидејќи ракот на кожа може да се види, може да се открие рано, а главниот фактор на ризик, изложеноста на УВ зраци, може да се намали со промени во однесувањето на сонце.

Носење заштитна облека, избегнување на изложеност на директна сончева светлина во интервал помеѓу 11 и 16 часот во текот на летото (кога УВ зрачењето го достигнува својот врв), засолнување под сенка и редовно нанесување на крем за сончање се главните препорачани мерки за заштита од УВ зраците.

Лицата со сини очи, црвена или руса коса, со пеги на кожата и нежен тен кој лесно гори на сонце, се најризични за појава на рак на кожа.

Треба да се посвети посебно внимание на заштита на децата бидејќи прекумерното изложување на сонце за време на детството го зголемува доживотниот ризик од рак на кожата.

Меланомот е најсериозниот, најмалигниот карцином на кожата и слузниците. Се шири многу брзо по лимфен и крвен пат во другите делови на телото и тогаш неговото лекување е потешко, a исходот може да биде и фатален. Може да се најде и на други локализации.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се урна мост на граничен премин помеѓу БиХ и Хрватска
Следна Статија (ВИДЕО) Ахмети: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот „Мазут“ е продолжение на притисоците врз „Пуцко петрол“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Случај „Онкологија“: Пациенти лекувани без биопсија, терапии давани и еден ден пред смртта

Во Основниот кривичен суд денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија“, каде словенечкото вешто лице Маја Равник изнесе фрапантни детали за…

February 11, 2026
ЗДРАВЈЕ

Никотинот во македонските училишта: 13,6% од учениците користат тутунски производи

Никотинот во училиште станува сè повидлив проблем откако национално истражување спроведено во 2024 година во 75 училишта, со опфат од…

February 27, 2026
ЗДРАВЈЕ

Вреди: Со СДСМ и Венко Филипче здравството беше во колапс

СДСМ, која некогаш ветуваше "едно општество за сите", денес е само машина за пропаганда која користи лаги и популизам! Под…

February 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Не се забележани заболувања директно поврзани со насобраното ѓубре во Скопје, велат од ИЈЗ

Досега не се забележани некои заболувања што се директно поврзани со насобраниот смет во Скопје, но треба да се внимава…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?