Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Ахмети: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот „Мазут“ е продолжение на притисоците врз „Пуцко петрол“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Ахмети: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот „Мазут“ е продолжение на притисоците врз „Пуцко петрол“
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ахмети: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот „Мазут“ е продолжение на притисоците врз „Пуцко петрол“

Објавено May 19, 2026 16:02
Сподели
Сподели

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска преку видеоизјава изрази загриженост за серијата обвинувања од страна на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во врска со прекинувањето на истрагата за предметот „Мазут“.

Прашан дали смета дека кампањата на Антонијо Милошоски против одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја прекине истрагата за случајот „Мазут“ е притисок врз судството и обвинителството и дали за тоа треба да се информира меѓународната заедница, Ахмети вели дека одговорот може да се пронајде во самото прашање.

Ахмети во изјава наведува дека станува збор за продолжение на притисоците и неправдите што во минатото биле вршени кон семејството Јахоски, сопственик на компанијата „Пуцко петрол“, а во кои, вели, бил вмешан и пратеникот и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Со актуелните обвинувања, вели лидерот на ДУИ, се врши притисок врз правдата и се прават обиди да се изврши влијание врз сите што се задолжени за спроведување на законите.

„Сè додека се врши овој притисок, и тоа од јавни политички личности и кога се знае дека во минатото г. Милошоски имал разни проблеми поврзани со имотот и неправдите спроведени кон семејството на ‘Пуцко петрол’, тоа е продолжение на притисок врз правдата и влијание што сакаат да го извршат врз сите спроведувачи на законите. Така што ова е прашање кое нè загрижува и тоа ќе го пренесам на сите мои средби“,наведува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изјавата.

Демократската унија за интеграција претходно денеска и преку писмено соопштение ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ за заканите и притисокот што, како што велат од опозициската партија, пратеникот Милошоски ги врши кон Обвинителството.

Од ДУИ оценуваат дека постапките на владејачката партија и нивниот пратеник наликуваат како да доаѓаат од режими како оној во Северна Кореја.

Од опозициската партија потсетуваат на претходните изјави на Милошоски и на судски процеси што се воделе против него, од кои, како што наведуваат, бил спасен единствено благодарение на измените на Кривичниот законик.

Реагираат и на толкувањата на извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР), велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ наместо да покажат храброст, да одлучат за ситуацијата и да прифатат законски одлуки, тие ја играат улогата на Тему-обвинители.

За овој, како што велат, невиден политички притисок врз правдата, ДУИ веќе ги известила меѓународна јавност, амбасадите и организациите.

Тие упатија јавен повик до јавниот обвинител, Здружението и Советот на јавни обвинители, САД и ЕУ, како и до медиумите да го осудат овој „брутален и неприфатлив терор врз правдата“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ракот на кожа е на листата на нaјчести малигни заболувања, сѐ почесто се појавува на возраст од 25 до 44 години
Следна Статија Филков: Никој нема право преку насилни протести да бара уривање на стандардите во правосудството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Прифаќајќи го францускиот предлог, Османи закова шајки во рацете и нозете на македонскиот идентитет

Суштината на бугарските барања е обид да се создаде нова македонска нација која користи нов македонски јазик кој почива на…

June 11, 2025
ПОЛИТИКА

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во слепа улица

Оваа Влада го изгуби компасот за само шест месеци и ја води државата во слепа улица, она од што лично…

December 7, 2024
ПОЛИТИКА

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Таравари ќе биде во владата уште некој ден, рече градоначалникот на Тетово, Билал Касами. Според него, во наредните денови ќе…

May 8, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ прашува каде “испари“ Венко Филипче: 20 дена не е појавен во Македонија

Има ли СДС лидер на партијата или на непочнати избори „кормиларот“ го напушти бродот кој тоне? Каде испари Венко Филипче,…

August 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?