Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Во минибус на Табановце запленети девизи од половина милион евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Во минибус на Табановце запленети девизи од половина милион евра
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Во минибус на Табановце запленети девизи од половина милион евра

Објавено May 20, 2026 13:39
Сподели
Сподели

Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи спречи обид за нелегален пренос на готовина во износ од половина милион евра пронајдени во специјално контруиран бункер на минибус, што резултираше со историски најголема заплена на девизи, потенцира директорот на Царинска управа, Бобан Николовски на прес-конференција на која информираше за случајот.

Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот, државјанин на Република Албанија со иницијали Џ.Г. кој управувал со минубусот е соодветно гонет, за што веќе е изречена и судска пресуда од основниот суд Куманово.

Обидот е откриен во акција на Одделението за оперативни работи на влез во државата на граничниот премин Табановце во која била извршена детална контрола на минибус, сопственост на туристичка агенција од Албанија, со кој биле превезувани седум патници.

„Акцијата во која учестуваа мобилен тим, K9 единицата и Службата за мобилни скенери е извршена брзо и ефикасно. Мобилниот тим кој поседува огромно искуство веднаш забележа преправки на возилото, по што е пуштено царинско куче кое укажа на индиции за криумчарење на истото место. Сомнежите се потврдија и со скенирање на возилото од Службата за мобилни скенери, по што инспекторите од мобилниот тим пристапија кон отстранување на профилот во кој пронајдоа вкупно 14 проѕирни ќеси во кои беа спакувани 500 илјади евра“, рече директорот и порача дека секој обид за нелегален прекуграничен пренос на готовина ќе биде најстрого санкциониран.

Николовски упати и јавна благодарност до тимовите од Одделението за оперативни работи за брзата реакција и школски одработената професионална контрола.

Согласно закон, запленетите девизи се предадени на Агенцијата за одземен имот, од каде се депонирани во Народната банка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Десет килограми марихуана скриена во кутии од еурокрем и павлака
Следна Статија Сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката: Обвинителството чека докази од МВР

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање за излез преку Богородица и преку Табановце

Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини. На ГП „Табановце“ утрово времето на чекање за излез од…

August 16, 2025
ХРОНИКА

Уапсен екс директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми

Поранешниот директорот на Државни патишта, двајца вработени во оваа компанија како и сопственик на агенција за обезбедување утрово се приведени…

March 25, 2025
ХРОНИКА

„Се сретнале, пиеле алкохол, по расправија го претепале до смрт – убиство во паркот „Жена-борец“ во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против две лица, на возраст од 44 и 46 години, поради основано сомнение…

September 15, 2025
ХРОНИКА

Најмалку 50 загинати и стотици повредени во пожарот во дискотека во Кочани

Најмалку 50 лица се загинати, а стотица се повредени во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?