Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова за обвинувањата од СДСМ: Секогаш сум ги бранела националните интереси, она што го посакувам е да бидеме третирани како сите други држави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова за обвинувањата од СДСМ: Секогаш сум ги бранела националните интереси, она што го посакувам е да бидеме третирани како сите други држави
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова за обвинувањата од СДСМ: Секогаш сум ги бранела националните интереси, она што го посакувам е да бидеме третирани како сите други држави

Објавено May 21, 2026 16:27
Сподели
Сподели

Никогаш и никаде јас не сум ја претставила државата на начин каков што не прилега. Секогаш сум ги бранела националните интереси – изјави за МИА претседателката Гордана Сиљановска-Давкова коментирајќи ги обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека со нејзините ставови изразени за време на посетата на Словенија „паднала на испитот“.

– Не знам дали да коментирам вакви изјави. Никогаш не сум паднала на испит ни на факултет, а во Словенија докторскиот испит сум го положила со одлика, значи со највисок успех. Пред мене беа сите членови на мојата докторска комисија, иако се тоа луѓе со многу години, моите колеги исто така, амбасадори. Јас говорев на научен јазик. Говорев за уставниот инженеринг, кој не е нов феномен, кој е стар феномен, меѓутоа студијата на случај, се разбира, беше мојата земја – рече претседателката.

Таа потенцира дека никогаш и никаде не ја претставила државата на начин каков што не прилега и оти секогаш ги бранела националните интереси преку политика заснована на докази.

– Никаде не се чувствувам инфериорно. Она што го посакувам е да бидеме третирани како сите други држави и она што потсетува на мојата страст – уставното право. Европската Унија нема кодифициран устав, но има уставни документи. Јас сум предавала и европско уставно право и се разбира дека повикувам на основните принципи и вредности кои се толку важни за Европската Унија што за нив има и судска заштита – изјави претседателката.

Опозицискиот СДСМ преку соопштение пред два дена упати критики до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оценувајќи дека со своите ставови изнесени во Словенија ја слабее позицијата на Македонија во процесот на европската интеграција. Од СДСМ велат дека наместо „јасно и недвосмислено“ да ја потврди европската обврска за внесување на малцинствата во Уставот, Сиљановска-Давкова продолжува со, како што наведуваат, „празна реторика“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали ви се допаѓа? Вака денеска изгледа Рики Мартин
Следна Статија Прогноза на Eвропската комисија: Македонија, Албанија и Србија со највисок економски раст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: Новиот Јавен обвинител треба да биде заштитник на правото и правдата и да ги истражи сите предмети држени во фиоки

Премиерот Христијан Мицкоски очекува новиот државен јавен обвинител, кој треба да биде избран набргу, да биде заштитник на правото и…

February 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Црвен крст ја изврши последната исплата на финансиска поддршка за настраданите во Кочани

Во рамките на апелот на Црвениот крст на РСМ за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани во периодот…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска се очекува да ја поднесе својата оставка, откако…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?