Телото, за кое се сомнева дека е на Александар Нешовиќ викан Баја е пронајдено закопано во буре во близина на Инѓија, има траги од гас.Извор од истрагата наведува дека осомничените го запалиле телото по злосторството, но најверојатно не успеале целосно да го уништат, бидејќи само дел од телото бил изгорен.Исто така, сопругата на Нешовиќ, која го пријавила неговото исчезнување, изјавила дека тој на судбоносниот ден носел долна облека од позната марка.
Баја е познат белградски бизнисмен и угостител за кој потрагата траеше неколку дена. Осомничен е Саша Вуковиќ-Боске кој му бил еден од најдобрите пријатели. View this post on Instagram
