Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа

Објавено May 22, 2026 22:34
Сподели
Сподели

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова уверува дека безбедноста е на највисоко ниво и дека нема логичен основ за шпионажа. Вели дека сите дописи што ги добива од НАТО, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и генералштабот се во печатена форма и оти никој освен неа ги нема видено.

– Обвинување за шпионажа е многу сериозно обвинување и мислам дека нема логичен основ за тоа. Ќе објаснам зошто. Имено, шпионажата се однесува на класифицирани или на строго доверливи податоци. Не знам колку знае јавноста, но во Кабинетот не постои електронска мрежа на класифицирани податоци, односно на податоци од доверлив или строго доверлив карактер. Сите документи од доверлив или од строго доверлив карактер, јас и само јас ги добивам во печатена, односно во хартиена форма. Според протоколот, читам, пакувам и го давам на лице од архивата кое поседува највисок сертификат „државна тајна“. Најчесто се враќаат кај испраќачот или одат во архивата. Ако комуникацијата е на ваков начин, објаснете ми со кои податоци, дури и да влезе некој во вашиот компјутер може да посегне по шпионажа? Значи, не постои основ. Затоа и се чудам кога ќе видам разузнавачи дискутираат како сум била во опасност, безбедноста била во опасност заради шпионажа, рече Сиљановска – Давкова во интервју за централниот дневник на Сител.

Вели дека веднаш штом дознала дека има укажување од еден од вработените за упад во компјутерот исконтактирала со Министерството за внатрешни работи.

Претседателката е шокирана и од постапката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое, според неа, не го почитува членот 289 од Законот за кривична постапка во кој се вели дека сите дејствија во предистрагата се тајна.

– Шокирана сум од Јавното обвинителство. Рековте предистражна постапка, а не постапка. Важи ли членот 289 од Законот за кривична постапка за Јавното обвинителство? Сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се тајна. Како тоа Јавното обвинителство комуницира преку медиуми и раскажува како и на кој начин контактира со Министерството за внатрешни работи? Згора на тоа, слушам една лаичка интерпретација на членот 8 од Законот за јавно обвинителство, каде што се вели дека Јавното обвинителство почитувајќи го принципот на презумпција на невиност, приватен живот, достоинство, слобода на медиуми, правично судење, интегритет и така натаму, како и принципот на отвореност – веројатно од тоа се инспирира – ја информира јавноста за одделни случаи по кои и постапува. Немаме случај ние. Во предистражна постапка нема случај, истакна Сиљановска-Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 18 милиони долари годишно: „Рејмонд“ се уште прави пари од серијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје за првпат не e на врвот на листата

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето открива дека: · Во…

August 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Никогаш нема да се изјаснам за нешто што ќе го дерогира мојот мајчин јазик

Никогаш нема да се изјаснам за нешто што ќе го дерогира мојот мајчин јазик и најмалку ќе дозволам Македонија да…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Како обвинителките Сарамандова, Елмази и Стефанова ја спасија Татјана Кацарова, миленичката на Љупчо Коцевски

Под притисок на јавноста, Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Штип, во август годинава, до Комисијата за утврдување на…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Каја Калас немала план „Б“ за Македонија оти сѐ уште верувала во планот „А“

Високата претставничка за надворешна политика „Каја Калас“ денеска од Скопје рече дека нема план „Б“ за Македонија како што има…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?