Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз за пари 2026
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз за пари 2026
ЕКОНОМИЈА

Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз за пари 2026

Објавено May 23, 2026 09:46
Сподели
Сподели

Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, под менторство на наставничката Билјана Ниновска, учествуваа на финалето на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост. Финалниот натпревар се одржа на 19 мај 2026 година во Брисел, Белгија, во организација на Европската банкарска федерација (ЕБФ) според дводневна програма и вклучуваше бројни активности насочени кон меѓусебно запознавање и поврзување на тимовите.

Првото место го освои тимот од Грција, второто место им припадна на претставниците од Латвија, додека третото место го освои тимот од Италија.

За прв пат оваа година, во рамки на финалниот настан беше организиран и посебен натпревар за наставниците/професорите – ментори, кои се натпреваруваа истовремено додека траеше финалето на квизот. Особено сме горди што наставничката Билјана Ниновска го освои второто место на овој натпревар, постигнувајќи одличен резултат и потврдувајќи го високото ниво на знаење и посветеност.

Иницијативата, започната од Европската банкарска федерација во 2017 година, има за цел да ги унапреди финансиските знаења кај младите и да придонесе кон создавање финансиски одговорна генерација. Оваа година на натпреварот учествуваа вкупно 30 земји: Албанија, Австрија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Република Северна Македонија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција и Украина.

Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, ќе продолжи активно да ја поддржува и промовира финансиската едукација како клучен елемент за успешна и независна иднина на младите луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гимназијата „Никола Карев“ се прости од Адам, Марко и Петар: Ги загубивме момчињата познати по насмевките, шармот и другарувањата со сите
Следна Статија Костадинов по оставката на Земон: Кадровскиот рулет скапо чини, на СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

СДСМ поднесе закон за намалување на цени со кој до 2.000 денари ќе се заштедува месечно на храна

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот…

November 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон

Условите за враќање и каматните стапки за средствата од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство ќе бидат подобри од…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Mицкоски: Западен Балкан може да понуди годишно производство од 260 терават-часови обновлива енергија

Предизвиците во најголемета енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан…

June 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За еден месец овозможивме 11 нови авиолинии

Имаме три убави вести во однос на авиосообраќајот, а тоа е дека воведуваме уште пет нови авиолинии и тоа до…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?