Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ново правило за аплицирање за „Зелена карта“, воведува САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Ново правило за аплицирање за „Зелена карта“, воведува САД
СВЕТ

Ново правило за аплицирање за „Зелена карта“, воведува САД

Објавено May 23, 2026 13:15
Сподели
Сподели

Странските државјани кои сакаат да аплицираат за американската „Зелена карта“, во иднина ќе мора да ја покренат процедурата надвор од територијата на САД, согласно новото правило на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, јави агенцијата ДПА.

Службата за државјанство и имиграција на САД (УСЦИС) вчера соопшти дека отсега секој странски државјанин кој престојува привремено во САД, а сака да добие „Зелена карта“, ќе мора да се врати во својата матична земја за да поднесе барање, освен во вонредни и исклучителни околности.

Досегашната пракса им овозможуваше на странците, вклучувајќи ги туристите и студентите, под одредени услови да аплицираат за постојан престој додека се наоѓаат во САД.

Според „Вашингтон пост“, повеќе од половина од одобрените „Зелени карти“ на годишно ниво досега се издавале токму преку оваа процедура.

Од американската имиграциска служба потенцираат дека неимигрантите, како што се студентите, привремените работници или туристите, доаѓаат во САД на кус рок и со специфична цел. Нивниот систем е дизајниран тие да ја напуштат земјата по завршувањето на посетата, која не треба да се користи како прв чекор во процесот за добивање постојан престој.

Надлежните уверуваат дека со оваа промена ќе се ослободат ограничените ресурси на службата, кои ќе се насочат кон обработка на други приоритетни предмети, како што се визите за жртви на насилен криминал и трговија со луѓе, како и барањата за натурализација. Откако Доналд Трамп минатата година стапи на функцијата претседател на САД за втор мандат, Вашингтон значително ја заостри својата миграциска и гранична политика.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одземена дозволата на фирма за брзи кредити, но министерството не го открива името
Следна Статија АД ЕСМ: Преку викенд набавки на електрична енергија по негативни цени, компанијата инкасираше околу 50.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

МРП вакцината не ја примајте во една доза, предупреди Трамп

Бремени жени, не користете „таленол“ освен ако не е апсолутно потребно, не давајте „таленол“ на вашето мало дете туку-така без…

September 27, 2025
СВЕТ

Сателитските снимки го покажуваат обемот на ужасот во Лос Анџелес, изгоре сè до океанот

Пожарот речиси целосно уништи голем дел од Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies Сликите…

January 10, 2025
СВЕТ

(Видео) Би-би-си: Генијалниот украински напад со беспилотни летала испраќа клучна порака до Русија – и Западот

Тешко е да се замисли нивото на дрскост – или досетливост – потребно за целосен напад на Украина врз руските…

June 2, 2025
СВЕТ

Шамар за лидерот на турската опозиција (ВИДЕО)

Лидерот на главната опозициска партија во Турција Озгур Озел беше нападнат вчера додека ја напушташе комеморацијата во Истанбул. Инцидентот се…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?