Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Русија издаде потерница по Гари Каспаров
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Русија издаде потерница по Гари Каспаров
СВЕТ

Русија издаде потерница по Гари Каспаров

Објавено May 23, 2026 15:35
Сподели
Сподели

Руските истражни органи распишаа меѓународна потерница по поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров, под обвинение за јавно оправдување на тероризмот и за два случаи на кршење на правилата за дејствување на странски агенти.

Каспаров, кој веќе е прогласен за странски агент во својата татковина и внесен во официјалниот регистар на терористи, претходно се соочи со одлука на Окружен суд во Москва, кој на 22 декември 2025 година му одреди мерка притвор во траење од два месеци. Оваа мерка треба да стапи во сила од моментот на неговото евентуално екстрадирање, депортирање или фактичко апсење на територијата на Руската Федерација.

Првичното обвинение против него се заснова на член од Кривичниот законик на Русија за јавно оправдување на тероризам преку информатичко-телекомуникациски мрежи, вклучувајќи го и интернетот, за што е предвидена затворска казна од пет до седум години, како и забрана за вршење одредени дејности. Дополнително, тој во отсуство е обвинет и за две кривични дела поврзани со непочитување на обврските наметнати со статусот странски агент, каде што законот предвидува парична казна или затвор до две години.

Руското Министерство за правда го вклучи Каспаров во списокот на странски агенти во мај 2022 година, со образложение дека извршувал политички активности во корист на Украина и американската невладина организација „Хјуман рајтс воч“. Руските судови досега неколку пати го повикуваа Каспаров на административна одговорност за слични прекршоци. Познатиот шахист во моментов живее надвор од границите на Русија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АфД се засилува во Германија: Екстремната десница за прв пат му се заканува на Мерц да стане власт во оваа покраина
Следна Статија Украле сеф со пари од фирма за брз трансфер, ама полицијата ги фатила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Турција би можела да стане главен снабдувач на гас за Европа со гасовод од Катар преку Сирија

Турција би можела да стане најголемиот продавач на енергија во Европа Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Алпраслан Бајрактар,…

December 16, 2024
СВЕТ

Tрамп: Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети поради поддршка на насилните протести

Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска изјави дека милијардерот Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети според Законот…

August 27, 2025
СВЕТ

Шефот на OpenAI лансира нов стартап: „Сакам да помислам, а ChatGPT да ми одговори“

По неговиот проект Worldcoin насочен кон скенирање на очното јаболко, Сем Алтман, извршен директор на OpenAI, сега го насочува своето…

October 28, 2025
СВЕТ

(Видео) Американската војска нападна брод, вели дека превезувал дрога: четворица мртви

Американската војска вчера уби четворица мажи за време на напад врз сомнителен брод за превоз на дрога во источниот Пацифик,…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?