Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека преговарачите на САД и Иран се поблиску до финализирање договор за ставање крај на војната.
Во интервју за телевизијата Си-Би-Ес Њуз (CBS News), тој рече дека евентуалниот конечен договор ќе го спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје и ќе гарантира дека прашањето со збогатениот ураниум на Иран ќе биде решено на задоволителен начин.
– Ќе потпишам договор само кога ќе го постигнеме сето она што го сакаме – истакна Трамп.
Иран, САД и посредниците од Пакистан денеска соопштија дека е постигнат напредок во преговорите за прекин на војната.
Во посебно интервју за новинарскиот портал „Аксиос“ (Axios), Трамп изјави дека денеска со советниците ќе го разгледа најновиот нацрт-договор со Иран, а до утре ќе донесе одлука дали војната ќе продолжи.
– Или ќе постигнеме добар договор, или ќе ги уништиме – изјави Трамп.
