Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Делото на Кирил и Методиј е историско и цивилизациско наследство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Делото на Кирил и Методиј е историско и цивилизациско наследство
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Делото на Кирил и Методиј е историско и цивилизациско наследство

Објавено May 24, 2026 10:33
Сподели
Сподели

Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот. Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето на можноста човекот да ги артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на јазикот што го разбира, нагласува претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

– Нивното благословено и благородно дело и денес има обединувачка моќ и се смета за заедничко историско и цивилизациско наследство.
Колку ли благодарни треба да им бидеме за сеуште живото и почитувано слово, без кое, ниту оние пред нас, ниту ние, не ќе можевме да ги разбереме богослужбените книги, ниту да читаме, учиме, пишуваме и твориме, односно да се просветуваме и просветлуваме, прашува претседателката Сиљановска-Давкова.

Во време на неизвесност, длабоки поделби и се поизразена отуѓеност, порачува претседателката на државата, денешниот ден не потсетува дека без култура, образование и наука, но и без вредносен систем, ниту едно општество не може да изгради меѓусебна доверба и заедништво.

– Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку во отворањето можност словенскиот човек, сопствената мисла, вера и културна самосвест да ги артикулира на јазикот што го разбира и чувствува како близок и свој, борејќи се за него и бранејќи го. Јазикот не е само збир на зборови, туку и колективна меморија, вредносен код и чувство на припадност што еден народ ги пренесува низ времето, од генерација на генерација, вели Сиљановска-Давкова

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Приведени 23 лица на студентските протести во Белград
Следна Статија Дали Русија го употреби „Орешник“: Масовен ракетен напад врз Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Од септември ќе имаме нова програма и повторно ја враќаме Историјата како предмет во седмо одделение

Министерката за образование и наука Весна Јаневска синоќа во Велес изјави дека оваа Влада успеала да го исплати долгот од…

July 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Германски пожарникари возеа 3000 км за лично да донираат во Кочани

Пожарникари од Германија донираа возило и опрема на колегите од Кочани. Земале одмор од работа и возеле речиси 3000 километри…

April 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации, во првиот бран ќе бидат забранети над 160 веб страници за нелегално коцкање

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални

Во синоќешното гостување во „За или против“ на Алфа телевизија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски говореше за измените на…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?