Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Од крајот на јуни стартува меѓуградскиот воз Прилеп-Битола, билетот ќе чини 150 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Од крајот на јуни стартува меѓуградскиот воз Прилеп-Битола, билетот ќе чини 150 денари
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Од крајот на јуни стартува меѓуградскиот воз Прилеп-Битола, билетот ќе чини 150 денари

Објавено May 31, 2026 14:26
Сподели
Сподели

Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска одговарајќи на новинарско прашање го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, истакнувајќи дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници и во транспортот на стоки.

Според Николоски, воведувањето на железничката линија е резултат на потребата од алтернативен и побрз превоз во периодот кога се реализира изградбата на автопатот Прилеп-Битола.

Имајќи предвид дека се гради автопатот Прилеп-Битола и дека се користи стариот пат, сметавме дека е добро да се воспостави еден меѓуградски воз. Интензивно работиме со двете железнички претпријатија за да се подготви инфраструктурата и особено патните премини и да се обезбедат возови со соодветна фреквенција. Можам да најавам дека на крајот на јуни, почетокот на јули, како што веќе ветивме, ќе биде воспоставена линијата помеѓу Прилеп и Битола“, изјави Николоски.

Тој посочи дека возот ќе сообраќа во термини кои најмногу ќе им одговараат на граѓаните, а цената на билетот ќе биде симболична.

Ќе има меѓуградски воз помеѓу двата града во соодветни термини кои што најмногу ќе одговараат на граѓаните. Ќе биде тоа една симболична цена од 150 денари, за да можат што повеќе граѓани да го користат“, рече Николоски.

Министерот најави и скоро започнување на карго железничкиот сообраќај кон Прилеп и Битола, нагласувајќи дека веќе постои сериозен интерес од компании за користење на железничкиот транспорт.

Во Прилеп веќе има сериозен интерес од неколку компании да ја користат железницата како можност за сообраќај и транспорт. Тоа прво ќе помогне да се намали загадувањето, второ да ги заштитиме патиштата и трето да ја заживееме железницата“, истакна Николоски.

Тој додаде дека од страна на државните институции се преземаат сите неопходни активности за воспоставување на патничкиот и товарниот железнички сообраќај, а наскоро ќе остане компаниите да ја искористат можноста за транспорт на производи и суровини преку железница и да ги намалат своите трошоци.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни
Следна Статија (ВИДЕО) Се урива старата куќа во Охрид за која беше поднесено барање за итна заштита

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре во Скопје ќе има оосебен режим на сообраќај

Утре (29.03.2026) со почеток во 10:00 часот, во Скопје, ќе се одржи атлетска трка на 10 км со траса на…

March 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

79 години од објавувањето на Македонската граматика од професорот Круме Кепески

Првата Македонска граматика од проф. Круме Кепески е објавена на 26 ти јануари, 1946 година. Професорот Круме Кепески појаснува дека…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Eвропските вредности на Заев и Димитров: По Центарот за македонски јазик, Грција забрани и фестивал на Македонците

Седум години по потпишувањето на Договорот од Преспа излегуваат на виделина „придобивките’“ од она што го договорија Заев и Ципрас…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР набавува 120 нови возила за речиси 4 милиони евра

Министерството за внатрешни работи набавува нови 120 возила за речиси 4 милиони евра, односно 239.068.000 денари. На веб-страницата за јавни…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?