Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Адвокатот Јанаки за битолчаните кои ловеле педофили: Наместо да ги гонат, треба да ги пофалат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Адвокатот Јанаки за битолчаните кои ловеле педофили: Наместо да ги гонат, треба да ги пофалат
ХРОНИКА

Адвокатот Јанаки за битолчаните кои ловеле педофили: Наместо да ги гонат, треба да ги пофалат

Објавено June 2, 2026 09:43
Сподели
Сподели

Адвокатот Јанаки Митровски на социјалните мрежи остро реагираше по кривичната пријава против шест лица од Битола, кои креирале лажен профил на 14-годишно девојче и преку него договарале средби со мажи, по што ги снимале и објавувале на социјалните мрежи.

„Битолската полиција уапсила шест златни деца од Битола кои, види бога ти, ја работеле нивната работа. Креирале лажен профил на 14-годишно девојче и ловеле педофили“, напиша Митровски.

Тој ги оспорува делата што им се ставаат на товар, меѓу кои насилство, злоупотреба на лични податоци, неовластено снимање и самовластие, поставувајќи прашања дали воопшто постојат елементи за такви обвиненија.

Според адвокатот, наместо кривични пријави, младите требало да бидат пофалени за своите постапки.

„Наместо пријава, битолската полиција треба да ги части децава. Не чувме само за кој педофил пуштија пријава. Ја’к! Слобода за децата!“, порача Митровски.

Претходно, СВР Битола соопшти дека против пет полнолетни лица и еден малолетник е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „злоупотреба на лични податоци“, „неовластено снимање“ и „самовластие“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична пријава за шестмина битолчани кои ловеле педофили на Фејсбук
Следна Статија Eве како Турција ја згази Македонија (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Приведен скопјанец во Неготино по напад врз поранешната сопруга

На 29 август 2025 година во 09:50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 34-годишниот И.П.С. од…

August 30, 2025
ХРОНИКА

Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар

Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар. Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го…

November 23, 2024
ХРОНИКА

(ФОТО) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите…

July 1, 2025
ХРОНИКА

Палчо: Не го познавав Панче Жежовски, доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни

Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, каде што сведочи обвинетиот Љупчо Палевски.…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?