Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лефков: Советот на јавни обвинители ја назначил сопствената претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители, веднаш да ја отповика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лефков: Советот на јавни обвинители ја назначил сопствената претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители, веднаш да ја отповика
ПОЛИТИКА

Лефков: Советот на јавни обвинители ја назначил сопствената претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители, веднаш да ја отповика

Објавено November 3, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Советот на јавни обвинители, исто како и Судскиот совет, изврши класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители. Советот на јавни обвинители, наместо за член на УО на Академијата да назначи јавен обвинител, тој назначил свој член, директно кршејќи го чл. 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси со кој се забранува избрано или именувано лице да биде во орган на управување во државен орган или лице кое располага со државен капитал, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Советот на јавни обвинители за член на УО на Академијата ја назначил Душица Димитриеска, која е претседател на Советот на јавни обвинители. Советот на јавни обвинители, не смеел да ја назначи својата претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители. Душица Димитриеска, покрај тоа што е претседател на Советот на обвинители е и во тесна врска со СДС. Имено нејзината ќерка Ема Нешкоска е член на Советот на општина Гостивар од редови на СДС, а беше и кандидат за пратеник од редовите на истата на последните парламентарни избори, вели Лефков и додава-

Советот на јавни обвинители исто како и Судскиот совет продолжуваат да работат на уривање на правосудството и имиџот, односно угледот на истото кај граѓаните.
Го повикуваме Советот на јавни обвинители да го отповика својот предлог за УО на Академијата. Во спротивно колективно го крши законот, за што треба да има одговорност“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Усмртиле пешак: Маж и жена лажеле за да избегнат вина- снимките од „Сејф сити“ го уловиле возачот
Следна Статија Ѓорѓиевски: Ги решивме проблемите во ЗЕЛС, ќе ги решиме и во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Симбол на новата надеж и иднината – Лабудовиќ најави нов плоштад во срцето на Центар

Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина – Плоштад Феникс, замислен…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени

ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да ја врати Македонија во времето на страв, на уцени и притисоци, но граѓаните нема да потклекнат,…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриева: Време е за промени во Демир Капија

Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за општина Демир Капија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот настан одржан во…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

10 години од објавувањето на првата „бомба“ од „Вистината за Македонија“

Вистината за Македонија“ или таканаречените „бомби“, беа пуштени пред 10 години, на денешен ден 9. февруари 2015 година. Тогашната опозиција…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?