Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Градежништвото расте со 7,2 проценти, а градбата на патиштата и железницата со 20 проценти во првото тримесечје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Градежништвото расте со 7,2 проценти, а градбата на патиштата и железницата со 20 проценти во првото тримесечје
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Градежништвото расте со 7,2 проценти, а градбата на патиштата и железницата со 20 проценти во првото тримесечје

Објавено June 4, 2026 11:40
Сподели
Сподели

Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година. Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2% во споредба со истиот период минатата година, соопшти Министерството за транспорт и врски.

-Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната градежна активност низ целата држава, како и за успешната реализација на капиталните инвестиции кои се од клучно значење за економскиот развој. Особено охрабрувачки е фактот што во сегментот на нискоградбата е регистриран двоцифрен раст од над 20 индексни поени. Овој сегмент ги опфаќа инвестициите во изградба на автопати, експресни патишта, регионални и локални патишта, како и железницата, кои Владата преку Министерството за транспорт ги реализира со високо ниво на посветеност и одговорност – изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Според него, растот во нискоградбата е директен резултат на засилените активности на терен и силната динамика со која се реализираат капиталните проекти.

-Автопатиштата на Коридор 8 и 10 д, се градат со силна динамика, а паралелно со тоа се инвестира и во железничката инфраструктура, што претставуваат клучен сегмент за долгорочниот економски развој, регионалното поврзување и зголемувањето на конкурентноста на економијата – вели Николоски.

Дополнително, Државниот завод за статистика објави дека стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2026 година изнесува 3,1%.

„Овој резултат претставува јасен показател дека економијата расте, дека инвестициите даваат резултати и дека развојните политики на Владата создаваат реални ефекти во стопанството. Резултатите што ги објави ДЗС, се потврда дека државата се движи во вистинска насока, градежништвото останува мотор на економскиот развој, а инфраструктурните проекти силно го поддржуваат растот, развојот и креираат подобра иднината на државата“, се вели во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Решенија за тротинетите во најбрз можен рок, најави Тошковски
Следна Статија УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Регуаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ. Согласно новата…

November 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Биткоинот постави нов рекорд, надминувајќи ја границата од 124.000 долари

Биткоинот во средата навечер накратко ја надмина вредноста од 124.000 долари, поставувајќи нов историски рекорд и продолжувајќи го повеќенеделниот раст.…

August 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со силно темпо напредува изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски информираше дека со засилена динамика продолжуваат градежните работи на автопатот Гостивар…

June 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Не доцни повратот на ДДВ и нема никаков проблем со Буџетот, проблем се застарените системи на УЈП

Доцнење во повратот на ДДВ нема. Најодговорно тврдам дека апсолутно нема никаков проблем со Буџетот, пробпемот е од техничка природа…

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?