Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, има значителен пораст на бројот на интервенции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски: Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, има значителен пораст на бројот на интервенции
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, има значителен пораст на бројот на интервенции

Објавено June 4, 2026 17:43
Сподели
Сподели

Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува, изјави денеска на брифингот со новинарите, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тој подвлече дека има значителен пораст на операциите на колк и колено. Вкупно 4.044 интервенции имало во 2025 година. За 9,9 проценти имало пораст, за периодот 2023-2025 година. Се работело за 14 опфатени јавни здравствени установи. Клековски истакна дека земјава е солидна во замена на колкови, но, во однос на интервенции на замена на колена се уште заостанува зад регионот.

Овие бројки потврдуваат дека пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува. Следува отворање на оперативните блокови на Клинички центар и ГОБ 8 Септември и понатамошен развој на коленската артропластика – нагласи Клековски.

Тој се осврна и на неколкуте препораки. Така покрај отворање на оперативните блокови во Клинички центар и ГОБ 8 Септември, се препорачува континуиран синџир на снабдување, тендери да се распишуваат најмалку четири месеци пред истекот на договорот, групна/рамковна набавка за управување на набавки и залихи наспроти листи на чекање, стандардизација на клиничките патеки, намалување на варијациите во просечниот болнички престој мегу установите, централизиран регистар на чекање со максимален рок за неитни интервенции – препорака: до три месеци.

Да, точно е, листите на чекање се такви какви што се, меѓу другото во 8 Септември и на Клинички, затоа што поединци сакаат да се оперираат кај одреден хирург, а не кај некој, кај кого можеби има слободен термин – одговори Клековски на новинарско прашање.

Клековски нагласи дека во анализата не се вклучени пациенти од приватните здравствени установи во државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oд први август нов бран поскапувања на банкарските услуги
Следна Статија ЕУ почнува преговори со Западен Балкан за вклучување во зоната „Роаминг како дома“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клековски: Ден на лица со мултипла склероза, наместо честитки, 60 отсто зголемен буџет за биолошки лекови

За Светскиот ден на лицата со мултипла склероза, наместо честитки, 60 проценти зголемен буџет за биолошки лекови, информираше попладнево директорот…

May 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Д-р Штерјова Марковска: „ДА“ за органодарителство е чин на најголемо човекољубие

Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Жаклина Штерјова…

May 16, 2026
ЗДРАВЈЕ

Тројца доктори вратиле 25 илјади евра по неправилно исплатени плати

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска изјави дека тројца доктори кои примиле повисоки плати вратиле вкупно 25…

April 21, 2026
ЗДРАВЈЕ

Корисни совети: Како да се заштитите од крлежи?

Крлежите се ситни паразити кои се хранат со крвта на своите домаќини, а најчесто се наоѓаат во висока трева, грмушки,…

June 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?