Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
ЕКОНОМИЈА

УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура

Објавено June 4, 2026 11:42
Сподели
Сподели

Почнува третата фаза од проектот за е-фактура во рамките на која Управата за јавни приходи (УЈП) овозможува тестирање на системот за е-фактура преку веб-апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури – информира денеска УЈП.

Во првата фаза се тестира интеграцијата на ЕРП-системите на компаниите со системот за е-фактура.

Во втората фаза се додадени API-сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање е-фактура и се овозможи тестирање повеќе даночни индикатори. Со овие измени се промени структурата на API-повиците и JSON-форматот поради што компаниите повторно ги приспособија своите системи во согласност со новите спецификации објавени на https://efakturawiki.ujp.gov.mk

Во третата фаза се преминува на веб-апликација преку која секоја компанија – мала, средна или голема – може едноставно да тестира креирање документ, испраќање, прифаќање, одбивање и сторнирање. Апликацијата овозможува тестирање на општата фактура со 12 даночни индикатори. Со веб-апликацијата се овозможува поедноставен пристап до тест-околина за сите деловни субјекти независно од нивната големина или техничка подготвеност, а воедно се поттикнува постепена подготовка за примена на системот за е-фактура – соопшти УЈП.

Воедно, со цел тестирањето да биде структуирано Управата за јавни приходи воспостави соработка со речиси 200 компании – избрани тестирачи, кои во соработка со назначени даночни агенти од УЈП ќе спроведуваат структуирано тестирање. Притоа ќе се тестираат избрани тест-сценарија и компаниите континуирано ќе доставуваат повратни информации до Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи информира дека континуирано спроведува едукативни средби за компаниите преку стопанските комори, бизнис-заедницата и други здруженија. Досега се одржани приближно 30 информативно-едукативни средби, на кои се презентирани клучните аспекти на системот и процесите поврзани со е-фактура.

Во соработка со стопанските комори, во наредниот период предвидено е организирање дополнителни средби со компании во повеќе региони во државата, со цел нивно подетално запознавање со функционалностите и начинот на користење на системот за е-фактура.

Во наредниот период исто така ќе бидат објавени и вебинар и детално упатство, кои ќе им послужат како дополнителна поддршка на сите компании што самостојно ќе ги тестираат процесите за креирање и размена на е-фактури – најавува УЈП и ги повикува компаниите активно да ја тестираат веб-апликацијата и да доставуваат забелешки, предлози и препораки за нејзино понатамошно подобрување, како и предлози за дополнување и унапредување на даночните индикатори и функционалностите на системот.

И оние компании што немаат назначено даночен агент, УЈП ги охрабрува да пробуваат и да пристапат кон тестирање на функционалноста на системот, како и навремено да пријават евентуални забелешки или технички потешкотии.

Корисни информации за тестирањето: потребна документација: https://efakturawiki.ujp.gov.mk; регистрација и доделување привилегии: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg; тес- платформа за е-фактура: https://efakturatest.ujp.gov.mk; контакт за поддршка: Kontakt.eFaktura@ujp.gov.mk.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Градежништвото расте со 7,2 проценти, а градбата на патиштата и железницата со 20 проценти во првото тримесечје
Следна Статија Две момчиња од Косово се удавија во Шенѓин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Новите еколошки правила на ЕУ кои ќе стапат на сила од јануари ќе предизвикаат удар врз домашната метална индустрија

Новите правила на Европската унија кои на сила ќе стапат од први јануари а се однесуваат за користење на фосилните…

October 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Не е сериозен предлогот на СДСМ за укинување на 5% ДДВ за 250 производи

Во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски се осврна на актуелните мерки за есенската потрошувачка…

November 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави Мицкоски

Брзата пруга во Коридорот 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави на денешниот брифинг со новинарите премиерот…

November 1, 2024
ЕКОНОМИЈА

Синдикалната минимална кошница за мај изнесува 68.743 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и во споредба со вредноста од април кога изнесуваше…

May 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?