Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 14 500 кандидати денеска полагаат матура
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Над 14 500 кандидати денеска полагаат матура
МАКЕДОНИЈА

Над 14 500 кандидати денеска полагаат матура

Објавено June 6, 2026 11:17
Сподели
Сподели

Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

Тие што ќе полагаат државна матура, денеска ќе бидат тестирани по странски јазик (англиски, француски, германски, руски или италијански) или математика, за пријавените за стручна матура изборот е англиски јазик или математика, а кандидатите за уметничка матура ќе полагаат англиски јазик или историја.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), кој го организира и спроведува матурскиот испит, од вкупно пријавени 14 587 ученици за полагање на матурата, 12 184 се пријавиле да полагаат државна матура, 2276 ученици за државна стручна матура и 127 се пријавени за државна уметничка матура.

За секој испит (предмет) од типовите матура се изработени посебни испитни програми врз основа на кои се изготвени испитните прашања. Од ДИЦ посочуваат дека овие испитни програми се темелат на наставните програми по кои учениците следеле настава во текот на нивното четиригодишно образование.

Гимназијалците полагаат само државна матура и се пријавени 5713 кандидати. Државна матура, исто така, може да полагаат и учениците од стручните и од уметничките училишта, кои избираат помеѓу државна матура и стручна односно уметничка матура. Па така, според податоците на ДИЦ, од 8629 кандиудати за матура од средните стручни училишта – 6353 се пријавени за државна матура, а 2276 за државна стручна матура. Од 245 кандидати од уметничките училишта, пак, 118 се пријавени за државна матура и 127 за уметничка државна матура.

Во 9 часот денеска почнува полагањето на изборниот екстерен предмет. Кандидатите кои избрале државна матура ќе полагаат тест по странски јазик (англиски, француски, германски, руски или италијански) или математика. Кандидатите кои ќе полагаат државна стручна матура ќе имаат тест по англиски или по математика, а за државна уметничка матура изборот е помеѓу англиски јазик и историја.

Од ДИЦ за МИА информираа дека за тестот по англиски јазик се пријавени вкупно 13 208 кандидати, од кои 11 017 се ученици пријавени за државна матура, 2107 за стручна и 84 за уметничка матура.

За тестот по математика има 1173 пријавени – 1017 кандидати кои полагаат државна матура и 156 за државна стручна матура, а за историја има 38 кандидати – ученици кои полагаат државна уметничка матура.

Другите четири странски јазици се опција само за учениците кои полагаат државна матура. За француски јазик се пријавени 20, за германски 52, за руски јазик седуммина и двајца за италијански јазик.

Задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски) и литература го полагаат сите ученици – оние што се пријавени за државна матура испитот ќе го полагаат на 11 јуни од 9 часот, а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни од 9 часот.

Македонски јазик и литература годинава ќе полааат вкупно 9810 ученици: 7809 од нив се пријавени за државна матура; 1875 за државна стручна и 126 за државна уметничка матура.

За албански јазик и литература се пријавени 4199 кандидати: 3834 од пријавените се за државна матура; 364 за стручна и еден кандидат за државна уметничка матура.

Турски јазик и литература ќе полагаат 360 средношколци – 359 се кандидати за државна матура и еден за стручна матура. За српски јазик и литература има пет кандидати и сите се пријавени за државна матура.

За полагањето на испитите ќе бидат ангажирани околу 2500 тестатори и околу 200 набљудувачи.

Во просториите каде што ќе се полагаат испитите е забрането користење мобилни телефони и други електронски уреди. Како и минатата година, за училиштата кои немаат соодветни просторни услови екстерните испити ќе се полагаат во амфитеатрите на факултетите.

Оваа година е поголем бројот на училишта кои се обратија до Државниот испитен центар за помош при изнаоѓање просторни услови на факултетите, додека останатите училишта, кои располагаат со соодветни услови, ќе полагаат во спортските сали, холовите и аулите во своите училишта, изјави за МИА Даниела Јовчевска-Михајловска, директорка на ДИЦ.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на ДИЦ, Јовчевска—Михајловска, денеска ќе го посетат Економскиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што матура ќе полагаат учениците од СУГС „Васил Антевски – Дрен“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пријавите за семејно насилство зголемени за 70 % во однос на ланскиот мај
Следна Статија (ВИДЕО) „Три работи не можеш да предвидиш: Бог, сексот и ЕУ“, вели Рама на прашањето кога ќе станат членка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

УХМР предупредува: Не шетајте преблиску до Охридското Езеро, има високи бранови

Во текот на денешниот ден, како и за време на претсотјнаа ноќ се очекуваат врнежи од дожд на целата територија…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Во Кичево победи Јовановски

Во Кичево победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Јовановски, изјави вечерва потпретседталот на партијата Тимчо Муцунски. Инаку, вечерва во Кичево…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

На германски путер во КАМ стои дека сме Провинција Македонија

На залепената декларација на путерот што се продава во КАМ маркетите, а кој е од германско потекло, покрај на македонски,…

November 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Ако се утврди тешка дисциплинска повреда самиот ќе се повлечам, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит начин

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?