Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата
ПОЛИТИКА

Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата

Објавено June 6, 2026 11:38
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја отвори денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и „Корчуланска висока политичка школа“.

Во воведното обраќање Филипче порача дека регионот се соочува со сериозен предизвик од авторитарни, националистички и коруптивни структури, на кои прогресивните сили мора да одговорат со единство, соработка и заедничка акција.

„Скопската иницијатива е акција за зајакнување на регионалната соработка меѓу социјалдемократските и прогресивните политички партии во нашиот регион“, истакна Филипче.

Тој оцени дека Западен Балкан се наоѓа во клучен момент кога по долгогодишни застои повторно постои реална можност за членство во Европската Унија.

„Нашата генерација има единствена можност да го заврши овој процес. Имаме можност не само да исполниме една стратешка цел, туку и да го оствариме долгогодишниот сон на цела една генерација“, рече Филипче.

Во своето обраќање тој предупреди дека европската перспектива на регионот е загрозена од организиран отпор кон реформите и демократијата.

„Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, нагласи Филипче.

Домашниот национализам, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе дејствуваат заеднички против европските вредности и реформските процеси.

„Особено загрижува блиската соработка помеѓу организираниот криминал и националистичко-популистичките структури. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција“, истакна Филипче.

Тој посочи и на лицемерието на оние кои јавно настапуваат како противници на европската интеграција, додека својата лична и деловна иднина ја врзуваат токму за земјите членки на Европската Унија.

„Овие самопрогласени патриоти и бранители на националниот идентитет најдобро ја откриваат сопствената хипокризија преку тоа каде ја обезбедуваат својата лична и деловна иднина – најчесто токму во Европската Унија – додека истовремено шират дезинформации за иднината на Европа меѓу своите граѓани“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди и на подемот на антидемократски движења кои, како што рече, се насочени кон поткопување на темелните прогресивни и антифашистички вредности на современите општества.

Филипче порача дека единствениот одговор на овие предизвици е создавање силна прогресивна коалиција на регионално ниво.

„За да ја победиме оваа црна регионална коалиција, мора да одговориме со единство, одлучност и долгорочна соработка“, порача претседателот на СДСМ, прогласувајќи ја конференцијата за отворена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) „Три работи не можеш да предвидиш: Бог, сексот и ЕУ“, вели Рама на прашањето кога ќе станат членка
Следна Статија Кинески хороскоп за јуни: Еден знак е пред убав пресврт и добивка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Средбите претставуваат уште една потврда за силните и пријателски односи меѓу Македонија и Хрватска

Во духот на пријателството, меѓусебната почит и партнерството разговаравме за унапредување на соработката меѓу двете држави во повеќе стратешки области,…

May 26, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Сакам да слушнам јасен став од Таравари дали има договор со ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека утре ќе има средба со Арбен Таравари за идното функционирање на владата. Тој рече дека…

May 4, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: По локалните избори следуваат промени, судството мора да се ослободи од партиски и криминални стеги

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот митинг во општина Ѓорче Петров, во рамки на изборната кампања за локалните избори…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче најави протест против мигрантите

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави денес протести во Македонија ако власта не излезе транспарентно со податоци околу договорот што…

December 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?