Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пет најдобри плажи за летување со деца во Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Traveler > Пет најдобри плажи за летување со деца во Грција
Traveler

Пет најдобри плажи за летување со деца во Грција

Објавено June 6, 2026 17:44
Сподели
Сподели

Порталот Грчко катче, основан од три Србинки омажени и преселени во Грција, споделува кои се нивните препораки за семејствата со деца кои ќе летуваат на Халкидики. Тука предвид се земени различните услови за едноставен ден на плажа со деца, вклучувајќи места за изнајмување чадори и лежалки, плажи со плитка вода, како и близина на кафулиња и ресторани.

Плажа Ковиу, Ситонија

Плажата Ковиу на вториот крак, се наоѓа на околу 5 километри јужно од Никити. Се карактеризира со бел песок и кристално чиста, плитка вода, што ја прави идеалена плажа за деца од сите возрасти.

Има и кафуле, а голем дел од плажата е со природна сенка, што е дополнителна погодност за семејствата. Потребно е да се нагласи дека нема многу паркинг места, затоа се препорачува да се дојде на плажа рано наутро.

Плажата во Сарти, Ситонија

Сарти се наоѓа на источниот брег на вториот крак и има голема плажа со мек златен песок и плитка вода, идеална за мали деца. Сарти е вистински туристички град со многу сместувачки капацитети, кафулиња и ресторани, а плажата е на само неколку минути пешачење од сите нив.

Плажата е многу добро организирана со лежалки и чадори, но има и голем дел каде што може да постави ваша опрема. Единствениот проблем се брановите кои се чести на оваа плажа, но доколку изберете време кога нема бранови, уживањето на оваа плажа е загарантирано.

Плажата во Ханиоти, Касандра

Ханиоти е мало одморалиште на првиот крак на Халкидики. Оваа плажа е многу популарна кај семејствата бидејќи има фин песок и длабочината во морето оди постепено.

Во близина има многу кафулиња и ресторани, а лежалките и чадорите се достапни за изнајмување. Ханиоти е вистински семеен рај, со многу активности за децата.

Плажата кај Пефкохори, Касандра

На југоисточниот брег на Касандра, на околу 1км од одморалиштето Пефкохори, се наоѓа прекрасна плажа. Оваа долга песочна плажа е совршена за семејства со деца, со топла, плитка вода и широк спектар на спортови на вода.

Покрај плажата има и кафулиња и ресторани во кои можете да се освежите и да уживате во вкусните грчки специјалитети.

Плажата Вурвуру, Ситонија

Оваа плажа е позната по својата убавина, кристално чиста вода и бел песок. Вурвуру се наоѓа на источниот брег на Ситонија, околу 12 километри јужно од Никити.

Оваа плажа е идеална кога станува збор за семејства со деца, бидејќи водата останува плитка на долги растојанија од брегот. Има многу можности за изнајмување чамци и истражување на блиските острови.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Оптимизмот за ЕУ ми се темели на директните средби со Макрон и Мерц во Тиват
Следна Статија Тешко повредена жена откако во неа удрил тротинет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здрава Исхрана и Нутриција

Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата, УНИЦЕФ бара промена

Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во Македонија открива дека нездравите опции на храна и пијалаци се широко…

May 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Се воведува формално образование во здравствени установи, учениците на подолго болничко лекување повеќе нема да губат настава

Воведено е формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување на Клиниката за детски болести во Скопје,…

August 6, 2025
БАЛКАН

Грција со нови мерки на граница, забрзување на контролите и намалување на чекањата

Грчките власти најавија нови мерки за забрзување на контролите и намалување на чекањата на граничните премини Евзони и Кипи, по…

May 29, 2026
БАЛКАН

Во Грција запленет кокаин вреден над еден милион евра

Наркотиците биле откриени за време на координирана операција во која учествувале Дирекцијата за борба против организиран криминал, Одделот за наркотици…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?