Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Им се допреле ретровизорите при возење, па тргнале да убиваат: Ќе им се суди на двајца браќа од Шишево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Им се допреле ретровизорите при возење, па тргнале да убиваат: Ќе им се суди на двајца браќа од Шишево
ХРОНИКА

Им се допреле ретровизорите при возење, па тргнале да убиваат: Ќе им се суди на двајца браќа од Шишево

Објавено June 8, 2026 13:32
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид).

На 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата браќа на возраст од 43 и 44 години, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во опасност и животот на двајца други оштетени.

Повод за тоа било претходен сообраќаен инцидент во кој братот на оштетениот и првоосомничениот со нивните возила, на разминување, се допреле со ретровизорите и започнале вербална расправија.

Осомничениот го фатил за врат и му се заканил, но двајца сведоци на настанот успеале да ја смират ситуацијата. Нападнатиот ја зел сопругата од работа и го повикал брат му за да провери дали по истиот пат можат безбедно да се вратат назад. Во близина на местото на првиот инцидент, во една од грмушките, двајцата осомничени браќа со пиштоли ги очекувале да поминат.

Првоосомничениот испукал два куршуми, при што го погодил братот на првично нападнатиот во главата, нанесувајќи му тангенцијална повреда, а ги загрозил и другите две лица.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности укажуваат дека ќе ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го довршат обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени соизвршители, соопшти Јавното обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нов скок на цената на нафтата
Следна Статија Верниците го започнуваат Петровденскиот пост

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Полицијата го уапси 32-годишникот од Виница кој се обиде да изврши убиство со нож пред четири дена

Полициски службеници од СВР Штип/ОВР Виница по претходно обезбедени оперативни сознанија, вчеравечер (11.08.2025) во 21:15 часот во Кочани го лишија…

August 12, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 18.21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во водите на Охридското езеро кај плажата од Извидничкиот центар…

July 6, 2025
ХРОНИКА

Притвор од 8 дена за хирургот од Битола осомничен за поткуп

На барање на Јавното Обвинителство определен е притвор од осум дена за хиругот М. С. (64), вработен и на раководна…

January 30, 2025
ХРОНИКА

Струмичанец осомничен за силување на малолетник

На 24.10.2024 во 23.50 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 38 – годишен жител на Струмица, кој…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?