Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Иран ги нападна Јордан, Кувајт и Бахреин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Иран ги нападна Јордан, Кувајт и Бахреин
Blog

Иран ги нападна Јордан, Кувајт и Бахреин

Објавено June 10, 2026 08:42
Сподели
Сподели

Јордан и Кувајт денеска соопштија дека биле цел на ирански ракети и оти нивната противвоздушна одбрана ги елиминирала заканите, додека иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека цел на нивните напади во текот на изминатата ноќ била и американската Петта флота во Бахреин.

Јорданската војска соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале и собориле пет ракети лансирани од Иран кон подрачјето Ал Азрак во провинцијата Зарка, пренесува „Ал Џезира“. Во соопштението, војската на Јордан наведува дека пресретнувањето на иранските ракети во воздухот предизвикало пад на нивни остатоци, но нема жртви ниту материјална штета. Се додава дека воени инженерски тимови се распоредени за да ги обезбедат остатоците од ракетите и да ги отстранат сите потенцијални експлозивни делови. Во соопштението се нагласува дека јорданските вооружени сили делуваат на највисоко ниво на подготвеност и оти нема да толерираат никакво кршење на воздушниот простор на земјата.

Генералштабот на кувајтската војска утрово соопшти дека противвоздушната одбрана на земјата „во моментов пресретнува непријателски воздушни цели“. Во објава на Х, кувајтската војска ги повика жителите да се „придржуваат до безбедносните упатства и насоки издадени од надлежните органи и да се потпираат на информации од овластени официјални извори“.

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека неговите воздухопловни сили лансирале ракети со долг дострел кон воздухопловна база во Јордан, каде што е стациониран американски воен персонал, како и оти цел на нападот била Петтата флота на САД во Бахреин. ИРГЦ наведува дека иранските ракети погодиле и уништиле четири критични цели во базата во Јордан, вклучувајќи хангари за борбени авиони Ф-35 (F-35) и главниот команден и контролен центар. Во своето соопштение, ИРГЦ истакнува дека ракетниот напад е завршница на поширока операција за одмазда, во која била погодена 21 цел во разни американски воздухопловни и поморски бази ширум регионот и во која бил соборен американски дрон МК-9 (MQ-9) над иранскиот воздушен простор.

Според соопштението на ИРГЦ, Петтата флота на САД во Бахреин била нападната со дронови како одговор на американските напади врз подрачја во јужниот дел на Иран. Гардата соопшти дека американските удари оштетиле телекомуникациска кула и два резервоари за вода во иранскиот пристанишен град Сирик. ИРГЦ предупреди дека неговите сили и понатаму се целосно подготвени да упатат „разорен и одлучувачки“ одговор на сите следни воени акции на САД и дека Вашингтон ќе ја сноси целата одговорност за последиците од понатамошната ескалација.

Претходно, американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) синоќа соопшти дека покренала нови, возврати напади врз Иран, откако иранската војска собори американски хеликоптер Апачи во близина на Ормуската Теснина. Во соопштението на ЦЕНТКОМ се наведува дека американската војска „делувала во самоодбрана“ и дека нападите почнале по налог на американскиот претседател Доналд Трамп. „Мисијата претставува пропорционален одговор на неоправданата иранска агресија“, се вели во соопштението.

ЦЕНТКОМ претходно вчера соопшти дека американски воен хеликоптер АХ-64 Апачи се урнал во близина на Ормуската Теснина откако бил нападнат од ирански јуришен дрон Шахед, а војниците биле спасени во рок од околу два часа по несреќата и се во стабилна состојба. Трамп тогаш рече дека иранската војска го нападнала и го соборила хеликоптерот и најави дека американската војска ќе одговори на тој напад.

Реагирајќи на пораката на Трамп, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи порача дека Ормуската Теснина не е дел од меѓународните води, туку дека надлежноста над неа ја делат Иран и Оман и оти се наоѓа на илјадници милји оддалеченост од брегот на САД, додавајќи дека странските воени сили во близина на иранските територии претставуваат постојан ризик. Арагчи додаде дека Иран го претпочита „јазикот на дипломатијата“, но дека војската на земјата покажала дека умее да „зборува и на други јазици“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секаде во регионот има повеќе Бугари отколку кај нас, но само за Македонија е услов да ги ставиме во Устав
Следна Статија Серена се врати со победа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Рак – четврток, 6 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот ви нуди шанса за фокусирање на личниот раст и да се вдохновите за следните…

February 6, 2025
Blog

Trump warns Iran ‘time is running out’ for nuclear deal as US military builds up in Gulf – BBC

Tehran says its armed forces are ready "with their fingers on the trigger" to respond to any aggression.

January 30, 2026

4 Things You Didn’t Know HDMI Ports Can Do – SlashGear

HDMI ports can unlock enhanced video modes, auto game mode switching, 4K at 120Hz with VRR, and high-quality audio via…

February 24, 2026
Blog

Самсунг потврдува епохален карактеристики за Galaxy S26 Ultra

Додека чекаме Самсунг да ги објави своите нови флагмански телефони, компанијата откри убава нова карактеристика. Еве што е тоа и…

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?