Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поради старт на Светското првенство во фудбал, во Мексико Сити се затвораат училиштата, а јавната администрација ќе работи од дома
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Поради старт на Светското првенство во фудбал, во Мексико Сити се затвораат училиштата, а јавната администрација ќе работи од дома
СПОРТ

Поради старт на Светското првенство во фудбал, во Мексико Сити се затвораат училиштата, а јавната администрација ќе работи од дома

Објавено June 10, 2026 10:30
Сподели
Сподели

Учениците во Мексико Сити утре ќе имаат слободен ден, а од државните службеници е побарано да работат од дома со цел да се спречи сообраќаен хаос во главниот град пред свеченото отворање на Светското првенство во фудбал на стадионот „Ацтека“, јави ДПА.

Како еден од кодомаќините на турнирот, селекцијата на Мексико во првиот натпревар ќе ги одмери силите со Јужна Африка, поради што владата со вонредни мерки се обидува максимално да го растовари и онака преоптоварениот сообраќај во главниот град за време на овој голем спортски настан.

Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум веќе потпиша декрет со кој се прекинува наставата во училиштата и универзитетите, а истовремено упати апел и до приватниот сектор да им овозможи на своите вработени да ги извршуваат обврските од дома. Од овие мерки се изземени само медицинските лица, полицијата и вработените во критичната инфраструктура, кои ќе ги извршуваат своите работни задачи во нормален режим.

Свечената церемонија на отворањето и првиот натпревар ќе се одржат околу пладне по локално време во Мексико Сити. Програмата, во која ќе настапи и светски познатата пејачка Шакира, започнува во 11:30 часот по локално време (17:30 часот по Гринич), додека почетниот удар на премиерниот мундијалски натпревар е закажан за 13:00 часот (19:00 часот по Гринич).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Meси со гол најави дека е спремен за СП
Следна Статија УЕФА го казни Вардар со 250.000 евра поради двојни договори и фалсификати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Франција ги победи и молљите и Ирак

  Француската репрезентација ноќеска го победи Ирак со 3:0 во второто коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026…

June 23, 2026
СПОРТ

Две години суспензија за грчки АЕК, ама и парична казна за Алкалоид

Двегодишна забрана за настап во меѓунардните купови му изрече денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) на АЕК, поради одбивањето на грчкиот…

June 16, 2025
СПОРТ

„Божјата глава“ на Лаутаро за финале на Аргентина

Актуелниот светски шампион Аргентина успеа да се избори за финалето на Светското првенство во фудбал 2026 откако во полуфиналето вечерва…

July 16, 2026
СПОРТ

Кривична за две лица, преку лажни натпревари и фиктивни играчи ја довеле во заблуда ФФМ

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.М и Н.Ц за сторени кривични дела, фаслификување исправа по член 378 и измама…

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?