Почнува Светското првенство во најважната споредна работа на светот
Сподели
Сподели
Светскоto првенство во фудбал започнува денеска и ќе трае до 19 јули, завршувајќи со финалниот дуел во Њујорк, ќе видиме дури 104 натпревари. Никогаш повеќе репрезентации, никогаш повеќе натпревари.Светското првенство ќе се игра на 16 стадиони во три земји – САД, Канада и Мексико, а 1.248 играчи се наоѓаат на списоците на 48 репрезентации учесници.Титулата освоена пред четири години во Катар ја брани аргентинската репрезентација, додека дебитантите на најголемата светска фудбалска смотра се селекциите на Курасао, Зелено’ртските Острови, Узбекистан и Јордан. Бразил е рекордер со пет титули, Германија и Италија имаат по една помалку, Аргентина има три, Франција и Уругвај беа најдобри двапати, а листата на победници ја комплетираа Англија и Шпанија со по еден пехар.Свечената церемонија на отворањето и првиот натпревар ќе се одржат околу пладне по локално време во Мексико Сити. Програмата, во која ќе настапи и светски познатата пејачка Шакира, започнува во 11:30 часот по локално време (17:30 часот по Гринич), додека почетниот удар на премиерниот мундијалски натпревар е закажан за 13:00 часот (19:00 часот по Гринич).