Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пожарот во Штип е изгаснат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пожарот во Штип е изгаснат
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во Штип е изгаснат

Објавено June 11, 2026 11:43
Сподели
Сподели

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шестмина пожарникари и од Свети Николе со една екипа.

Пожарот избувна вчера попладне откако гром запалил сува трева и грмушки, по што поради силниот ветер брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак и се доближи до првите куќи во населбата Кадидаре.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, вчера на вонредна прес-конференција изјави дека огнот се ширел на непристапен терен, а граѓаните од повисоките зони можеле да ги видат огнените јазици над градот.

– Екипите на ТППЕ заедно со членовите на Доброволното противпожарно друштво веднаш излегоа на терен со целокупната логистика и ресурси за локализација на пожарот, кој поради непристапноста се ширеше – истакна Јорданов.

Тој нагласи дека нема простор за паника, бидејќи сите институции биле мобилизирани, додавајќи дека нема повредени лица и не биле загрозени станбени објекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Авторот на славното интервју на БГНЕС во кое Заев тврдеше дека сме „сшти“ народ со Бугарите, сега вели дека самите сме се блокирале во ЕУ
Следна Статија Живо џабе: Перек на стадион во САД чини 13 долари, сладолед 12, пиво 18

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Православните верници денеска ја одбележуваат Задушница

Во спомен на починатите, православните верници денеска ја одбележуваат Задушница во пресрет на големиот празник кој доаѓа во недела –…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

Наставниците од средните училишта во државата до 12 септември можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката…

August 28, 2025
БАЛКАН

Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора

Црногорски војник (41) загина, а друг е тешко повреден при гаснење пожар во реонот на Кучи, на југот на земјата,…

August 12, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Голем пожар избувна вечерва во Радовиш во поранешна фабрика

Голем пожар избувна вечерва во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“. Според информациите оттаму горат погони и машини, а пожарот…

May 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?