Голманот на шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид и словенечки репрезентативец Јан Облак ѝ предложи брак на српската тенисерка Олга Даниловиќ.
Двојката е заедно од 2023 година. На почетокот на овој месец, 33-годишниот фудбалер и 25-годишната тенисерка, отидоа на одмор заедно.
На социјалните мрежи, Даниловиќ објави фотографија на која е заедно со Облак, покажувајќи го вереничкиот прстен.
„Најсреќна“, напиша под фотографијата Даниловиќ, која во моментов е рангирана на 197 место на ВТА листата
