Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските кошаркари стартуваат со подготовки за јулските претквалификации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските кошаркари стартуваат со подготовки за јулските претквалификации
СПОРТ

Македонските кошаркари стартуваат со подготовки за јулските претквалификации

Објавено June 14, 2026 15:27
Сподели
Сподели

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација утре претпладне официјално ќе ги почне подготовките за третиот дел од претквалификациската трка за пласман во квалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Селекторот Жозеп Мариа Берокал повика 25 кошаркари, составувајќи поширок список на кои се и неколкумина дебитанти, а се со цел да се запознае со нивниот потенцијал и квалитет, како и да се подготват за претстојните натпревари.

Подготовките се фокусирани на дуелите од „А“ групата на претквалификациите, кои вклучуваат натпревари против Ирска и Луксембург.

Тренинзите ќе се одржуваат во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Во подготвителниот период ќе биде потврдено и кој од натурализираните кошаркари, ќе бидат во конкуренција за место во тимот.

Првиот натпревар е закажан за 2. јули против селекцијата на Ирска, а следува гостувањето во Луксембург на 5. јули.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за дата центрите: Се обидуваме да ја развиваме државата и нема да се повлечеме поради малкумина кои создаваат хистерија
Следна Статија Николоски: В четврток средба во Солун со присуство на еврокомесарот за транспорт на која ќе биде потврдена важноста на инвестициите во Коридорот 10

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Њукасл ја зголеми понудата за Шешко на 90 милиони евра

Њукасл му испрати на Лајпциг нова официјална понуда за напаѓачот Бенџамин Шешко, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.…

August 5, 2025
СПОРТ

Пешиќ официјално на клупата на Баерн

Поранешниот селектор на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ, официјално е назначен за нов тренер на Баерн Минхен. Како што вечерва…

December 22, 2025
СПОРТ

Македонија убедливо ја победи Летонија во Рига

Македонската фудбалска репрезентација оствари важна победа од 3-0 на гостувањето кај Летонија и останува на првата позиција во својата група…

October 10, 2024
СПОРТ

Резултат вреден победа! Македонија е со вас, им порача Мицкоски на ракометарите

Резултат на македонските ракометари вреден како за победа, им порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски на ракометарите од македонската репрезентација кои…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?