Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Воспоставена електронска размена на податоци за пензиско и инвалидско осигурување со Австрија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Воспоставена електронска размена на податоци за пензиско и инвалидско осигурување со Австрија
ЕКОНОМИЈА

Воспоставена електронска размена на податоци за пензиско и инвалидско осигурување со Австрија

Објавено June 15, 2026 12:49
Сподели
Сподели

Фондот на пензиско и инвалидско осигурување потпиша Договор за редовна размена на давања и податоци за смртност со институциите за задолжително австриско пензиско осигурување односно Институцијата за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачи (SVS) и Институцијата за осигурување на вработени во јавни служби, железници и рударска индустрија (BVAEB).

Договорот, како што денеска информира ПИОМ, го потпишале директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов и Винфред Пингера во име на австриските институции.

– Сакам да истакнам дека овој Договор е значаен напредок во нашата соработка и ќе овозможи поефикасна и побрза размена на податоци кои се од голема важност и ќе придонесе да се забрза процесот на остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување за граѓаните на Македонија и на Австрија, истакнал Мемов.

Според Пингера, потпишувањето на договорот е голем чекор за корисниците и осигурениците.

– Овој чин покажува колку се добри нашите односи, колку е добро нашето заедничко работење. Со него им го олеснуваме остварувањето на правата на нашите осигуреници. Ова е важен чекор и се надевам не последен. Нашата соработка ни покажа дека можеме да работиме заедно, да си веруваме и да ја интензивираме идната соработка. Сакам да ви заблагодарам на вашата помош и придонес во потпишувањето на овој Договор, затоа што е многу важен, иако можеби не се опфатени многу луѓе, но за нив лично тој е и те како важен, нагласил Пингера.

Договорот го регулира обемот и начинот на размена на податоците, како и нивната безбедност и заштита, што се од исклучителна важност за работата на институциите и за довербата во пензискиот систем.

Потпишувањето на овој Договор, како што оценил директорот на Фондот на ПИОМ, е една од клучните активности на Фондот во насока на подобрување на меѓународната соработка, особено преку воведување на електронската размена на податоци со која се зголемува ефикасноста, прецизноста и квалитетот на услугите.

Фондот на ПИОМ досега има потпишано договори за електронска размена на податоци со сите држави што произлегоа од поранешна Југославија.

– Сакам да истакнам дека имаме јасна визија во кој правец треба да се движиме како Фонд и оваа соработка е чекор напред што ќе го подобри квалитетот на услугите, ќе ја зголеми точноста на податоците и ќе помогне да се исклучат сите можни грешки. Очекувам во иднина да ја прошириме размената со институциите од Република Австрија и со други важни информации од интерес на двете страни. Убеден сум дека потпишувањето на овој Договор ќе придонесе во зајакнувањето на соработка и е во најдобар интерес на граѓаните на двете држави, нагласил Мемов.

Во 2024 година, Фондот на ПИОМ исплатил пензии за 182 лица во Австрија во износ од 527,783,41 евра, а во 2025 година се исплатени 242 пензии во износ 653.097,74 евра. Од австриска страна во 2024 година се исплатени вкупно 2018 пензии во износ од 9.172.676,51 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска на македонските патарини со МТАГ ќе се минува само на посебна лента
Следна Статија Се трага по 15-годишно девојче кое исчезнало од семејниот дом

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Во првиот квартал еврообврзница во два дела од по 500 милиони евра со различна рочност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска потврди дека во првиот квартал годинава ќе биде издадена нова еврообврзница која ќе…

January 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Уште еден месец за исплата на К-15, казните за работодавците до 3.000 евра

Компаниите и јавниот сектор до крајот на месецов имаат обврска да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени.…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но треба да има отстапки за одредени дејности

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши говори за анализите кои се прават…

December 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Голем интерес за граѓанските обврзници – запишани се 33 милиони евра

Над 2 милијарди денари или 33 милиони евра се запишаа во граѓански обврзници од третата емисија, за која проспектот беше…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?