Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарската Фондација „Македонија“ в недела ќе ги блокира трите гранични премини со земјава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бугарската Фондација „Македонија“ в недела ќе ги блокира трите гранични премини со земјава
МАКЕДОНИЈА

Бугарската Фондација „Македонија“ в недела ќе ги блокира трите гранични премини со земјава

Објавено June 17, 2026 10:41
Сподели
Сподели

Бугарската Фондација „Македонија“ најави дека в недела ќе ги блокира трите гранични премини помеѓу Бугарија и  Македонија. Блокадата, како што соопштија од Фондацијата, е координирана со Министерството за внатрешни работи на Бугарија и ќе трае два часа, од 11 до 13 часот.

Целта на блокадата, како што посочуваат од Фондацијата во објава на Фејсбук, е на премиерот Христијан Мицкоски демонстративно да му се покаже дека не може да продолжи со прогонот на Бугарите во земјава, со нападите и, како што велат, со измислените судски пресуди против Бугарите.

„Дали сте подготвени демонстративно и мирно да ги блокираме трите гранични премини со Северна Македонија и да му покажеме на Мицкоски дека ова не може да продолжи и дека ќе реагираме на оваа агресија што Скопје ја врши врз нас! Да им покажеме на Мицкоски и на неговиот режим дека не можат да продолжат да им се потсмеваат на Бугарија и на бугарскиот народ!додаваат од Фондацијата „Македонија“ во објавата на Фејсбук.

Ова следува откако пред два дена беа опожарени две дипломатски возила на Амбасадата во Бугарија во Скопје – чин што оттаму го оценија како форма на тероризам. Целта на блокадата, како што додаваат од бугарската Фондација „Македонија“, не е попречување на граѓаните да ја поминуваат границата, туку да му се покаже на премиерот Мицкоски дека власта во Скопје не може да продолжи со репресиите.

Инаку, претседателот на бугарската Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, во октомври 2023 година доби забрана за влез во земјава на неодредено време. На Стојанов претходно му беше забранет влез во С Македонија во времетраење од една година и три месеци, по чиј истек се упатил кон Скопје, но на граница бил вратен назад бидејќи забраната му била продолжена на неодредено време.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали на Меси му беше простен црвен картон: Жестока дебата на Интернет
Следна Статија Мицкоски: Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека автопатот од Кичево до Охрид ќе биде завршен во планираниот рок до првиот квартал в…

May 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со кралот Чарлс: Признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности

Во рамките на престојот во Лондон, премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со неговото кралско височество, Кралот Чарлс III. Премиерот Мицкоски…

October 22, 2025
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија

Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине,…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Шест македонски волови ја преминаа бугарската граница кај Ѓуешево и станаа проблем

Бугарските институциите одлучуваат што да прават со шест волови кои ја преминале границата од Македонија во близина на ќустендилското село…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?