Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски со порака: Ќе има промени, на некои фотелјата им станала помила од контактот со народот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Мицкоски со порака: Ќе има промени, на некои фотелјата им станала помила од контактот со народот
Blog

Мицкоски со порака: Ќе има промени, на некои фотелјата им станала помила од контактот со народот

Објавено June 18, 2026 11:38
Сподели
Сподели

Премиерот Мицкоски во вчерашниот говор во Струмица ја најави реконструкција на Владата, порачувајќи дека сите отстапувања прецизно ги нотира, дека ќе има промени, како и дека нема да толерира занес во привилегиите што ги нуди власта.

Говорејќи на оваа тема, тој рече дека многу прецизно го детектира и следи феноменот на скршнувања од она што треба да биде кодекс на однесување на Владата, посочувајќи дека има и такви на кои фотелјата и станала помила од контактот со народот.

Добивам поплаки дека дел од министрите и директорите се недостапни за народот, а има и такви на кои приватните патувања им станаа помили од посетата на селата и градовите. Заборавија од каде дојдовме и како започнавме“,рече Мицкоски.

Во тој контекст, рече дека тој пред осум години почнал токму од Струмица, кога станал претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш, рече ги посетувал месните комитети со еден партиски автомобил, кој неретко се расипувал, со една наследена и истрошена камера и со двајца-тројца луѓе околу него. Но желбата за успех, додаде, била голема.

И ова е порака дека нема да толерирам занес во привилегиите што ги нуди власта. Ние сме овде да му служиме на народот. Чистиот образ тешко се одржува, а лесно се губи. Кога јас можам да одговорам во текот на денот на стотици луѓе, сигурен сум дека тоа го може секој министер или директор. Да, не е лесно, но на народот му е потешко и не сакам изговори. Моите соработници ми велат: ‘Претседателе, многу сте меки во вашиот карактер’. Точно е. Јас на човек скоро и да не сум му повишил тон. Мојот праг на толеранција е огромен, кон секого се однесувам со почит и разбирање, што е и моја домашна култура, но тоа не значи, никако не значи, дека сум наивен и дека ќе толерирам несовесност и скршнување од принципите“,рече Мицкоски.

Додаде дека не прифаќа оправдувања од ниту еден именуван функционер дека е уморен, а на уморните им порача дека е чесно само да си заминат.

Сите отстапувања прецизно ги нотирам и ќе има промени. Тие промени треба да ги подобрат капацитетите и да го дадат максимумот од секој поединец. Сакам секој од вас да остане посветен на народот, достапен и чесен“,рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Родителите на Коста Кецмановиќ добија 14 и 3 години затвор
Следна Статија Поранешен министер за надворешни работи бара референдум во Бугарија за членството на Македонија во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Как Авиатор в казино Пин Ап изменил рынок crash-игр?

Как Авиатор в казино Пин Ап изменил рынок crash-игр?В последнее время игра "Авиатор" в казино Пин Ап оказала значительное влияние…

February 27, 2026
Blog

Oва е новата Мазда од иднината

Мазда го претстави сосема новиот CX-5 за 2026 година, обемно освежувајќи го својот најпродаван џип за прв пат по речиси…

July 11, 2025
Blog

Евростат: Најниска минимална плата во ЕУ во Бугарија, највисока во Луксембург

Најниска минимална плата во Европската унија е забележана во Бугарија во јануари од 551 евро, а највисока во Луксембург од…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Само дома си е дома

Премиерот Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Македонија наутро“ на МРТ изјави дека за време на периодот на транзицијата во…

April 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?