Кристијан Вигенин, членот на Европскиот парламент од Бугарската социјалистичка партија и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија смета дека македонските граѓни мора да им дадат аргументи на бугарските граѓани во корист на нивната кандидатура“.

Сакаме да ја видиме Македонија во Европската Унија, но не можеме да дозволиме да влезе една држава која е непријателски настроена кон нас. Тие треба да ја придобијат Бугарија, бидејќи без гласот на Бугарија, Република Македонија не може да стане членка на Европската Унија. Можеби е време да се промени пристапот и да се објави дека членството на Република Македонија во ЕУ ќе биде предмет на референдум. Ова ќе ги принуди соседите да ја променат својата политика кон Бугарија, бидејќи ќе мора да им дадат аргументи на бугарските граѓани во корист на нивната кандидатура.
