Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче предлага намалување на ДДВ на храната, решение кое претходно четири пати го одбиваа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Филипче предлага намалување на ДДВ на храната, решение кое претходно четири пати го одбиваа
ЕКОНОМИЈА

Филипче предлага намалување на ДДВ на храната, решение кое претходно четири пати го одбиваа

Објавено November 4, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи предлог-законот на СДСМ за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со кој се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана.

„Веројатно сѐ уште неосвестениот богаташ од Дубаи, предложува законско решение кое што исто како и претходно предложеното, со низа на грешки. Прво, со промашен процент за минималната плата, едноставно, како што беше напишан не можеше да влезе во собраниска процедура. Сега поднесува законско решение, со кое што, замислете, ќе се намалувало ДДВ-то на храната“, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лидерот на СДСМ во друштво со економските креатори на Владата на СДСМ од тој период, Фатмир Бетиќи и Димитар Ковачевски, предлага вакво решение иако истите тие луѓе претходно четири пати одбија такво законско решение. Да ја потсетам јавноста, го покачија ДДВто на над 2000 прехранбени производи од 5 на 10% и ни делеа нутриционистички совети дека голем дел од таа прехрана не била здрава, па затоа се покачува данокот. Дополнително, кажа една лага. Апсолутно нема врска со вистината дека потрошувачката кошничка се намалила само за 57 денари. Да ги слушаа синдикатите и да имаа посериозна комуникација со нив, ќе знаеја дека тоа не е вистина, бидејќи цената за храната за 30 дена се намали за 965 денари. Манипулацијата со цената на минималната синдикална кошничка ја прави Венко Филипче, искористувајќи го покачувањето на цената на облеката, која што воопшто не е во иста коресподенција за она што нам ни е укажано, рече тој.

Стојаноски посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да поддржи едно вакво законско решение, бидејќи продолжува дневно политичко препукување со економски теми од истите луѓе кои што ја донесоа Македонија во ваква девастирана економска состојба.

-Ваквите законско решенија не придонесуваат за зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, туку за креирање на дневно политички теми, преку законски решенија полни со технички грешки, кои што потоа се поправаат на наредните прес-конференции, проследени со извинување. Законот за нефер трговски практики веќе е влезен во сила. Неделава очекувам да биде комплетиран составот комисијата за заштита од конкуренција и веднаш да започне со работа, контролирајќи ги договорите кои што се склучени во согласност со тој закон. Го повикувам Венко Филипче со неговата пратеничка група, денес да почнат да го разгледаат буџетот кој што треба да влезе во собраниска процедура и да ја закажат собраниската расправа, да не бегаат од собраниска расправа. Да ги видат ставките за покачувањето на пензиите, за покачувањето на платите, за капитални инвестиции. Да дадат амандмани кои што ќе бидат сериозни и кои што ќе може да се поддржат. На тој начин најдобро може да придонесат за подигнување на стандардот на граѓаните. Да ги напуштиме ваквите политички тези кои што немаат врска со реалноста и да се фокусираме на конкретни работи кои што може да го подобрат стандардот на граѓаните, посочи тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не сакам да коментирам приватни работи, одговори Филипче на прашањето дали бил на забава во Дубаи
Следна Статија Мицкоски: Приоритет е подобрување на здравствената заштита на пациентите, но и враќање на достоинството на медицинската професија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените…

March 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел,…

May 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година повеќе од 3,5 отсто

Растот на македонската економија според проекциите на Министерството за финансии за оваа година е 2,1%, а за наредната и повеќе…

October 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Работиме сонот Македонија да биде домаќин на три раскрсници да стане реалност

Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?