Скопјанец бил физички нападнат од сопругата, а насилството го пријавил во полиција.
– Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж пријави дека на 18.06.2026 околу 16:30 часот, во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга, се наведува во извештајот за семејно насилство од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
