Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Разговори за владината реконструкција: Секој носител на јавна функција мора да биде достапен за граѓаните и отчетен за својата работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Разговори за владината реконструкција: Секој носител на јавна функција мора да биде достапен за граѓаните и отчетен за својата работа
ПОЛИТИКА

Разговори за владината реконструкција: Секој носител на јавна функција мора да биде достапен за граѓаните и отчетен за својата работа

Објавено June 21, 2026 15:34
Сподели
Сподели

По завршувањето на првата фаза од разговорите со коалициските партнери во текот на викендот, можеме да констатираме дека средбите поминаа во конструктивна атмосфера, во духот на меѓусебна почит, партнерство и заедничка определба за понатамошно унапредување на работата на Владата, брифираат извори за „Република“.

Во разговорите беа потврдени принципите кои претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, јасно ги истакна во своето обраќање во Струмица а кои се однесуваат на одговорност, резултати, достапност до граѓаните, ефикасност во работењето и бескомпромисна посветеност на интересите на народот.

Сите коалициски партнери ја споделуваат определбата Владата да продолжи со засилено темпо во реализацијата на програмските приоритети и реформите кои се очекуваат од граѓаните. Во текот на разговорите беше нагласено дека реконструкцијата не се води од партиски или персонални интереси, туку од потребата за дополнително јакнење на институционалниот капацитет и уште поефикасна реализација на владината програма. Во првата половина од наредната недела ќе следуваат финални консултации и разговори на кои ќе бидат разгледани и потврдени конечните решенија и позиции.

По завршувањето на процесот, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за сите донесени одлуки. Она што останува непроменето е принципот дека секој носител на јавна функција мора да биде достапен за граѓаните, отчетен за својата работа и целосно посветен на исполнување на обврските што произлегуваат од довербата добиена од народот. Целта на процесот е Владата да биде уште поефикасна, уште поблиска до граѓаните и уште посилно фокусирана на резултатите кои значат подобар животен стандард, економски развој и исполнување на стратешките цели на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако ја имате оваа силиконска лажица за бебиња од ДМ, веднаш фрлете ја
Следна Статија Обезбедени уште четворица досега недостапни за случајот „ФФМ“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Османи: Чаир има надеж за промена

Откако неговото име беше официјализирано како кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи утрово во 06:00 часот објави…

July 22, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Кој зборувал за коалиција со Мицкоски, ние не преговараме за фотелји

„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе…

May 22, 2026
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Модуларната болница на Филипче во моментот кога изгорела немала одобрение за поставување и употреба

Венко Филипче иако не смеел, дозволил изградба на модуларни болници со неогноотпорни материјали, рече денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член…

June 1, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски сподели конкретен план за промени во главниот град: Време е за чист воздух и ред во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се обрати на вчерашниот народен митинг во Кисела Вода, одржан…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?