Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: НЕМААТ СУБВЕНЦИИ: Сточарите најавуваат протест за 30 јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > НЕМААТ СУБВЕНЦИИ: Сточарите најавуваат протест за 30 јуни
ЕКОНОМИЈА

НЕМААТ СУБВЕНЦИИ: Сточарите најавуваат протест за 30 јуни

Објавено June 21, 2026 17:08
Сподели
Сподели

Сточарите од Пелагонија најавуваат протест за 30 јуни ако дотогаш не им се исплатат субвенциите по грло говедо и премијата за млекото.

Здружението на сточари од Пелагонија „Пелагониско поле“, ги повикува сите сточари и земјоделци кои не се задоволни од исплатата на субвенциите да им се придружат на протестот во Битола со блокада на подрачната единица на Министерството за земјоделие во центарот на градот.

Револтот расте поради неисплатените субвенции за грло говедо за 2025 година и поради неиплатената премија за предадено литар млеко во преработувачки капацитети од јуни 2025 досега, што значи 12 месеци.

Сточарот Гицка Ѓоргиева вели: „Го уништивте сточарството, сите цени одат нагоре, а млекото оди надолу. Јогурт во чаша е 25 денари, а литар сурово млеко 23 денари. Работиме за да ги богатиме газдите“.

„За млекото од јули 2025 години не се исплатени субвенции, а за десет дена ќе биде јули 2026 година. Нема реакција од власта за намалениот откуп на млекото за цели 10 денари од страна на млекарниците. Значи лани литар млеко беше и до 33 денари, а сега е 23 денари за литар. Како тргнала работата ќе падне и на 20 денари за литар колку шише вода во маркетите“, реагираат сточарите.

Сточарот Борче Бучински од „Пелагонсико поле“ вели дека ситуација во сточарството е тешка, поради високите трошоци за фармите, а доцни помошта од државата. Сточарите чекаат субвенции по 8.000 денари за грло.

„Доколку субвенциите не ни се исплатат до 30 јуни овој месец точно на денот, од 10,30 часот до 11,30 часот ќе го блокираме подрачното Министерство за земјоделие во Битола. Тој процес ќе биде најавен зошто ние сточарите си ги бараме субвенциите по грло за 2025 година и премијата за млекото за шест месеци од 2025 и шест месеци од 2026 година“, изјави сточарот Борче Бучински од „Пелагониско поле“ за „Независен“.

Во февруари годинава на седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година – директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Минимална прифатлива количина на предадено млеко изнесува 300 литри месечно по земјоделско стопанство. Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и 7 денари по литар произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Лани во август околу 3 700 сточари млекопроизводители, одгледувачи на говеда добија 147,8 милиони денари, премија за млекото за првите три месеци од 2025 година (јануари, февруари и март).

Потоа, дури во март годинава 4.545 производители на млеко, добија 270 милиони денари, премија за млекото (кравјо, овчо и козјо) за период јануари-јуни 2025 година.

Во април годинава субвенции по грло зедоа само овчарите (на 2.139 одгледувачи на овци им беа исплатени една милијарда денари) останатите сточари останаа неисплатени по грло.

Инаку, според програмата за финансиска поддршка во земјоделството во 2026 година, донесена во февруари годинава, Владата обезбеди поддршка од 6 милијарди денари за земјоделието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен Бугарин во општина Аеродром, вознемирувал жена
Следна Статија Крмов: Млекарниците ги уценуваат сточарите – Владата да гарантира откуп на млекото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата

Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата и тоа не било усогласено со децении, изјави синоќа премиерот Христијан…

May 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на Националниот совет за развој: Поставени се јасни насоки за напредок во економијата

Денеска се одржа третиот Национален совет за развој, на кој се разгледаа клучни прашања поврзани со долгорочниот развој на Македонија,…

March 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Треба половина милијарда евра да се потрошат за пруга која нема продолжување кај источниот сосед

Нема да градиме се додека Бугарите не си го завршат, својот тунел, односно својата половина од тунелот и тие километри…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Група инжинери со претстaвка до РКЕ: Граѓаните да имаат реални сметки за струја базирани на реално мерење

Новиот Закон за енергетика, јасно ја уредува обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според реална потрошувачка, но со…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?